Мислам дека знам за која плажа зборуваш, тогаш скутерот мислам дека испушти облак од согорено 2 тактно уље

Сигурно сум ти препорачал како најдобра варијанта од сите 50цц. Зошто нњ даваат без А категорија.
Можеби има поинаков пренос прилагоден за нагорнини, нема крајна брзина ама затоа повеќе држи во "низок" пренос.
Во секој случај, таков скутер за СК е и повеќе од доволен.
Инаку јас имам Гарели ХО 50цц 2Т веќе 4 години, скутерот е со 16"напред и 14"позади. Баш скутер за клабери во сериозни води
Една мала рецензија
Нов е околу 1200е (сега не знам) јас го земав 60к од еден дечко со ~1000 км. После 200 км откако го земав, цилиндерот од предниот диск ми блокираше, па го носев кај еден клабер, го среди. За кратко полна да испушта глицерин, видов не видов, уште беше под гаранција, во сервис. Го средија.
После 500 км, почна да испушта уље од кај преносот. Пак во сервис, го средија и еве до ден денес нема некој проблеми. Исто кога го носев тогаш им реков да ја средат и ламелата некако многу гризеше, немаше смирен старт. Средија и тоа.
Исто така, ова најверојатно е моја вина, ми напукна пластиката одоздола на седиштето. Изгледа не го затварав убаво, седнавме со сопругата, на прва нерамнина....
Инаку, освен ова, никаков проблем, нит со палење нит со ништо, имам приметено дека бензинот од Лукоил повеќе го сака, троши 3.5-4л.