Пред два месеца конечно го сменив старото моторче Keeway Matrix кое што последниве години слабо го возев зашто многу смрдев (2Т) и цела населба ме знаеше коа идев (Giannelli). Имаше поминато окулу 50.000 км и го продадов за 300 еура на комшија. Сакав да му го поклонам ама ми ги тутна парите у рука.
Се мислев поголемо, во план ми беше Sym Symphony ST 200i ама пошто немам А категорија, две години се канев да го купам и да полагам и конечно решив дека нема шанси пак да полагам нешто (ми збогтиса со пилотската дозвола/и).
И така еве да го претставам Sym Symphony S 50. Го земав пред два месеца и сеа за сеа е стварно ок. Многу комотно и пријатно за возење. Баш градско моторче. Во однос на старото малку е тињесто (4Т) ама тоа е тоа. Ми смета електронската блокада на 55км/ч која што е се поизвесно дека нема лесно да се тргне. Ако некогаш најдам некое квалитетно китче 70cc, ќе го направам.
До сега 2000км, троши не знам колку ама смешно е. Ме кошташе со шофершајбната и куферот нешто ситно над 130.000 денари.
Слики: