Автор Тема: Скутерчиња  (Прочитано 573523 пати)

Отсутен Ordevski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1862
Одг: Скутерчиња
« Одговори #3735 на: 11 Април 2021, 01:12:38 am »
Некој што се разбира во скутери ?

Имам кинески земано 150цц.. Е сега кога го палам незагреан мора тоа за лер туражата одвртено скроз да е за да запали.. Потоа кога пробувам да штелувам воздух/гориво обртаите никако не паѓаат испод 2500/3000 и нонстоп е нерамномерно работењето... Иако штрафот за лер е потполно одвртен и нема никаква лер туража..

Очистен е карбураторот све.. нова свеќица, штелувани вентили, нови филтри.. џабе му е..
Да не е до саухот проблемот? Некој  термоелемент мислам дека го регулира.

D-r Ordevski


Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6002
Одг: Скутерчиња
« Одговори #3736 на: 11 Април 2021, 07:05:21 am »
Може да биде саух,дизна,несоодветна иглица на мембраната,не се исплати да експерементираш,нов карбуратор 20-25€ и си завршил работа.🙂

Sent from Poco X3 NFC using Tapatalk


Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6302
Одг: Скутерчиња
« Одговори #3737 на: 11 Април 2021, 21:48:02 pm »
Незнам кога го земав исто беше, примаше до 6000 обртаи и гушеше.. Земав целиот го средив, и сервис и пластиките све..

Сега оди како што треба али лер туражата ја подесувам и се стабилизира на 2000 обртаи па ќе крени до 3000, па ќе падни на 1500... Утре ќе појдам кај мајстор па ќе видам, нов карбуратор 1600 денари..

Отсутен Aeon

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 3
Одг: Скутерчиња
« Одговори #3738 на: 20 Април 2021, 09:34:21 am »
Здраво, нов сум на форумов, листав претходни страни и не успеав да најдам конкретно тоа што ми треба.. Планирам периодов да купам мопед до 50цц, најмногу мерак ми прави веспата, но прочитав низ интернетов многу поделени мислења.. Во динамикс ми ја нудеа и априлијата што се збори во темава..  Дали би можеле да ми дадете некоја препорака за некој мопед што ќе ми изгура барем наредните 4-5 години без никаков проблем? Инаку, планирам за низ Скопјево да ја возам и за викенди до викендица што е на отприлика 25 до 30 км од центарот на Скопје.
« Последно менување: 20 Април 2021, 13:17:01 pm Aeon »

Отсутен zvonkog

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1083
Одг: Скутерчиња
« Одговори #3739 на: 20 Април 2021, 10:37:40 am »
Еве и ја да се приклучам кон Аеон, со слично барање за совет од скутерџии :)
Паметот ми иде накај SYM JET14 50, прос и конс?
Илити нешто слично со сличен или помал буџет како нов SYM, помасивен дизајн (да не биде како мравка под човек од 100кг и 194см  ;D 8) ) , без шару бару налепници, 50ка, ќе се користи секојдневно за до работа и назад, да може да вози и двајца по потреба?

Отсутен Ordevski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1862
Одг: Скутерчиња
« Одговори #3740 на: 20 Април 2021, 18:58:49 pm »
Здраво, нов сум на форумов, листав претходни страни и не успеав да најдам конкретно тоа што ми треба.. Планирам периодов да купам мопед до 50цц, најмногу мерак ми прави веспата, но прочитав низ интернетов многу поделени мислења.. Во динамикс ми ја нудеа и априлијата што се збори во темава..  Дали би можеле да ми дадете некоја препорака за некој мопед што ќе ми изгура барем наредните 4-5 години без никаков проблем? Инаку, планирам за низ Скопјево да ја возам и за викенди до викендица што е на отприлика 25 до 30 км од центарот на Скопје.
Еве и ја да се приклучам кон Аеон, со слично барање за совет од скутерџии :)
Паметот ми иде накај SYM JET14 50, прос и конс?
Илити нешто слично со сличен или помал буџет како нов SYM, помасивен дизајн (да не биде како мравка под човек од 100кг и 194см  ;D 8) ) , без шару бару налепници, 50ка, ќе се користи секојдневно за до работа и назад, да може да вози и двајца по потреба?
Прашање до двајцата, дали мора да биде 50цц?

Јас лично не би одел под 125цц, макар и за низ град и покрај трошоци за годишна регистрација.

http://m.reklama5.mk/AdDetails?ad=3903603

Еве едно Piaggio Medley 150cc, троши минимум 2л помалку од 50cc 2t, а има далеку повеќе снага. 2.450 е огласено со 6.000км. Верувам дека би одело и пониско.



D-r Ordevski


Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3696
Одг: Скутерчиња
« Одговори #3741 на: 20 Април 2021, 19:05:12 pm »
Не верувам пониско, јас априлиата во петокот ја дадов за 1900, 2017та со 7400км.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55106
  • Махер
Одг: Скутерчиња
« Одговори #3742 на: 20 Април 2021, 19:10:27 pm »
Здраво, нов сум на форумов, листав претходни страни и не успеав да најдам конкретно тоа што ми треба.. Планирам периодов да купам мопед до 50цц, најмногу мерак ми прави веспата, но прочитав низ интернетов многу поделени мислења.. Во динамикс ми ја нудеа и априлијата што се збори во темава..  Дали би можеле да ми дадете некоја препорака за некој мопед што ќе ми изгура барем наредните 4-5 години без никаков проблем? Инаку, планирам за низ Скопјево да ја возам и за викенди до викендица што е на отприлика 25 до 30 км од центарот на Скопје.
Еве и ја да се приклучам кон Аеон, со слично барање за совет од скутерџии :)
Паметот ми иде накај SYM JET14 50, прос и конс?
Илити нешто слично со сличен или помал буџет како нов SYM, помасивен дизајн (да не биде како мравка под човек од 100кг и 194см  ;D 8) ) , без шару бару налепници, 50ка, ќе се користи секојдневно за до работа и назад, да може да вози и двајца по потреба?
Прашање до двајцата, дали мора да биде 50цц?

Јас лично не би одел под 125цц, макар и за низ град и покрај трошоци за годишна регистрација.

http://m.reklama5.mk/AdDetails?ad=3903603

Еве едно Piaggio Medley 150cc, троши минимум 2л помалку од 50cc 2t, а има далеку повеќе снага. 2.450 е огласено со 6.000км. Верувам дека би одело и пониско.



D-r Ordevski
Нормално дека мора 50цц, инаку имаш возачка А категорија и нема потреба да се ограничуваш на 125-150, туку ќе си земеш 300+. Кубикажи од 51-150 немаат никаква логика кај нас. Тие се за онаму каде смее 125 или 150 со Б категорија или со некоја L таблица.

Отсутен zvonkog

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1083
Одг: Скутерчиња
« Одговори #3743 на: 20 Април 2021, 19:36:11 pm »
@Ordevski нормално дека мора да биде 50цц! Без никакво ебавање со полагање и сл. Потребно е пристојно превозно градско средство..........кога ќе ми притреба или посакам да идам на поголема кубикажа што ќе налага А категорија, сигурно нема да биде скутер туку нешто како R GS, со кој ќе можам на подолги дестинации.

Отсутен Ordevski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1862
Одг: Скутерчиња
« Одговори #3744 на: 20 Април 2021, 20:02:53 pm »
@Ordevski нормално дека мора да биде 50цц! Без никакво ебавање со полагање и сл. Потребно е пристојно превозно градско средство..........кога ќе ми притреба или посакам да идам на поголема кубикажа што ќе налага А категорија, сигурно нема да биде скутер туку нешто како R GS, со кој ќе можам на подолги дестинации.
Во тој случај имај во предвид дека на 50цц, 100кг плус уште некој од 60ина килограми, ќе имаш отежнато движење, доколку не извадиш блокади и не смениш пренос или слични модификации. Со тоа ќе имаш и потрошувачка од 5л.

Полагањето е еднаш.

Претпоставувам дека со било која нова или зачувана 50ццм би биле во ред. Дали Ѕум, Kymco Aguility 16+...

D-r Ordevski


Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1885
Одг: Скутерчиња
« Одговори #3745 на: 20 Април 2021, 20:29:36 pm »
@zvonkog ако ти се убави на изглед и ти е погодено седењето кај Сим и Кимко, ич не се думај. Нерасипливи се. Доколку земиш 2т  скутер, само резонантен ауспух ќе си ставиш и ќе си тера супер. Не се секирај за брчењето, во ауспухот се става камена волна и воопшто нема да брчи. Има и посебни волни за ауспуци се продаваат, тие сигурно и потрајни се. Менувањето не е повеќе од 15 минути.

Доколку пак земиш 4т, тогаш има китови за да ги направиш 80 цм3 и повторно имаш супер забрзување.

Јас возев Сим купен половен, 6-7 години го возев без никаков проблем. Потрошувачката беше 3.5 л/100км возен скоро цело време на полна :D Не очекувај брзини и стартови колку Априлиите од 2017 година и постарите, но побрз ќе бидиш од колите на семафор.

Другар има Сим 2т од 2006 година, лани прв пат му сменив каиш и филтер за воздух :D Претходно имаше сменето само ролни и гуми.

Верувам дека и Кимко се на исто ниво со квалитет. На Крф рентав Кимко 2т, скоро 1000км поминав за 7-8 дена, 2ца на него цело време со 2 преполни ранци цело време, плус и куфер позади. На ниедна угорница не застана  :)
« Последно менување: 20 Април 2021, 21:30:34 pm Silvester »
  www.malservis.mk - сѐ за твојот автомобил!

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6302
Одг: Скутерчиња
« Одговори #3746 на: 20 Април 2021, 21:28:54 pm »
Во принцип исто е со сите скутери, зависи како ќе се погоди. Јас лично сум имал све и свашта (скутери, мопеди, мотори, брзински..) од томос па до р1 и никое досега не ме оставило на пат...
Со кинескиве сум немал скоро никакви проблеми, а и да имам све е едноставно и евтино.. сега имам фости 150цц преку 15.000 има изминато и за 3000 денари комплет све и свашта гајле нема..
На 1000км само уље се мењава 400 денари, на секој 5000 каиш свеќица и филтри 1000 денари и тоа е тоа..

Никогаш не би ја оправдал цената на аплилиите преку 2000 евра... Лично сега од 50цц би земал од тие копиите на априлија половни како нови се наоѓаат со малце км за 700 800 евра... и најголемиот дефект што можи да му се деси е максимум 3000 денари...


И незнам што воопшто се дешава со новиве скутери/мотори.. Пред 10тина години земав нов скутер 150цц беше 700 евра.. Крос 200цц беше 850е.. 50ките копиите на априлија беа 900е.. обичните 50ки по 500е.... Сега скоро нема ништо испод 1000 евра.. на брзини па од 1500 па нагоре..
« Последно менување: 20 Април 2021, 21:35:06 pm Бузуки »

Отсутен Ordevski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1862
Одг: Скутерчиња
« Одговори #3747 на: 20 Април 2021, 21:34:14 pm »
Во принцип исто е со сите скутери, зависи како ќе се погоди. Јас лично сум имал све и свашта (скутери, мопеди, мотори, брзински..) од томос па до р1 и никое досега не ме оставило на пат...
Со кинескиве сум немал скоро никакви проблеми, а и да имам све е едноставно и евтино.. сега имам фости 150цц преку 15.000 има изминато и за 3000 денари комплет све и свашта гајле нема..
На 1000км само уље се мењава 400 денари, на секој 5000 каиш свеќица и филтри 1000 денари и тоа е тоа..

И никогаш не би ја оправдал цената на аплилиите преку 2000 евра... Лично сега од 50цц би земал од тие копиите на априлија половни како нови се наоѓаат со малце км за 700 800 евра... и најголемиот дефект што можи да му се деси е максимум 3000 денари...
Jonway 150cc овде. 2 свеќици, реглер, анлансер и 3 лагери на брегаста :)
Поминати 12.000км, преносот не е чепнат, би додал уље во пренос на 3.000км промена и тоа е тоа.

D-r Ordevski


Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7173
Одг: Скутерчиња
« Одговори #3748 на: 20 Април 2021, 21:40:17 pm »
@zvonkog ако ти се убави на изглед и ти е погодено седењето кај Сим и Кимко, ич не се думај. Нерасипливи се. Доколку земиш 2т  скутер, само резонантен ауспух ќе си ставиш и ќе си тера супер. Не се секирај за брчењето, во ауспухот се става камена волна и воопшто нема да брчи. Има и посебни волни за ауспуци се продаваат, тие сигурно и потрајни се. Менувањето не е повеќе од 15 минути.

Доколку пак земиш 4т, тогаш има китови за да ги направиш 80 цм3 и повторно имаш супер забрзување.

Јас возев Сим купен половен, 6-7 години го возев без никаков проблем. Потрошувачката беше 3.5 л/100км возен скоро цело време на полна :D Не очекувај брзини и стартови колку Априлиите од 2017 година и постарите, но побрз ќе бидиш од колите на семафор.

Другар има Сим 2т од 2006 година, лани прв пат му сменив каиш и филтер за воздух :D Претходно имаше сменето само ролни и гуми.

Верувам дека и Кимко се на исто ниво со квалитет. На Крф рентав Кимко 2т, скоро 1000км поминав за 7-8 дена, 2ца на него цело време со 2 преполни ранци цело време, плус и куфер позади. На ниедна угорница не застана  :)
Колега клабер, се надевам си реален со муабетов зошто јас на Крф рентав модифициран Пежо 100цц 2 тактен кој трошеше 5-6л на 100 км и на некои узгорници се мачеше а ние тежевме вкупно 120 кг. Не знам точно каде сте шетале, али северниот дел не беше така благонаклонет.
Разликата со рентаниот на Кефалонија 50цц беше ден и ноќ зошто последниов едвај искачи на еден премин.

До ден денес го помнам искуството со тој скутер... УПМ беше тоа. Мислам дека дадовме за бензин колку шти дадовме за рентање.

Отсутен Aeon

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 3
Одг: Скутерчиња
« Одговори #3749 на: 20 Април 2021, 22:59:44 pm »
@Ordevski нормално дека мора да биде 50цц! Без никакво ебавање со полагање и сл. Потребно е пристојно превозно градско средство..........кога ќе ми притреба или посакам да идам на поголема кубикажа што ќе налага А категорија, сигурно нема да биде скутер туку нешто како R GS, со кој ќе можам на подолги дестинации.
Во тој случај имај во предвид дека на 50цц, 100кг плус уште некој од 60ина килограми, ќе имаш отежнато движење, доколку не извадиш блокади и не смениш пренос или слични модификации. Со тоа ќе имаш и потрошувачка од 5л.

Полагањето е еднаш.

Претпоставувам дека со било која нова или зачувана 50ццм би биле во ред. Дали Ѕум, Kymco Aguility 16+...

D-r Ordevski

Мојата причина е иста како кај @zvonkog , немам возачка за А категорија, инаку во план ми е да полагам. Моментално немам време за тоа, а реално ова ќе ми биде прв мотор во живот па сакав да ги видам искуствата на повеќето членови. Сакам само да те прашам, кои скутери се најлесни за деблокада? Веспи, кимко, сим...? Не е битна цената, битно ми е што ќе биде со помала главоболка.