Пред околу месец т.е. на 77.000км променети задните плочки кои почнаа да свират често на секое благо притискање на кочница.
Ете зашто, како дунда кога е депилирана се измазнети.
Повремено свиреа пред година, ги сменив предните кои беа пола потрошени.
Свирењето повремено пак си го имаше.
Тоа сигурно било од задните, ама граничникот за цвилење повремено си кажувал, треба постојано да цвили кога ќе дојде граничникот ама зашто не, незнам...
Земени Hi-Q бренд кој е фабричка уградња за Киа и други марки на возила. Поради тоа не се сомневам во квалитетот. Баш и немаат азбест и треба да не прават бука при кочење.
Не ми се чекаше и морав брзо да земам, во Еуро 07 немаше па земав од Гама.
Уште кога ги земав не ми штимаше, немаше ЕCE R стандард, нема име на производител како што има на слики на веб.
Баш отидов до Еуро 07 кога ги добија и таму си ја има ознаката Е9 за стандар и поинаку пишува на плочката, се сомневам во квалитетот да не има копии...
Нормално пред промена на плочки и проверка на дисковите дали се за менување.
Оваа табела е од овластен сервис, за други возила може поинаку да е.