Денес ставен плински уред во плимонт.
Плински уред Landi Omegas Evo со торусен резервар 42л, подига во висина 2см и е таман со задната клупа спуштена рамно.
Системот е самоодржување без филтри, ја земам колата дечкото ми објаснува филтер за ова и она, велам чекај па нели нема, има ама нема потреба да се менуваат не е морално, ме зачуди.
На идење накај дома, едниот од плимонт го возев до некаде и се размуабетивме и ми вели да плинскиот уред фабрички нема филтри по препорака, они си ги ставиле дополнително да има во истата цена иако немало потреба.
По мое барање е подесено над 4500 вртежи 15-20% да додава на бензин.
Пред да го оставам возилото, го проверуваа возилото со мала туража и ми вели кога последен пат се менувани свекици, ми вели може да покаже на плинот. Ме зачуди 46.000км има возилото, мислам дека прочитав во сервисната к. дека на дупло поголема км се менуваат.
Кога го земав возилото, работеше, претходно било до бензиска плин да му се стави и да се провери, дигната хауба ми објаснуваат ова, она, приметив работење како дизелче штракаше цк, цк, цк ае сигурно под саух е уште.
Импресии вака што забележав на кратко возење околу 12км.
На семафор да тргнам со отпуштање на кумплуг, и откако ќе го пуштам полека па да додадам гас ми изгаси.
Ми вели господинот од плимонт ќе треба со мала гас да тргаш.
Рикверц глегувам дома само на кумплуг ја терам и осетив кратки мали трокирања.
Паркирам дома и на дугмето неколку пати плин - бензин да видам како работи моторот, забележав едната сијаличка за бензинот по 2-3 пат префрлање почна да трепка. После приметив тресење, вибрации во лер како дизелаш да работи, е сега не знам дали тресењето беше пред да префрлам бензин - плин.
Ми напоменаа да го проверам нивото на антифриз, може ќе треба да се дотури 2-300мл.
Тоа е бидејќи е ставено како ли се викаше незнам, тие 300мл за него биле.
Утре ќе направам споредба со на колегата сидот 1.4 да видам како работат, зашто чудно ми работи и тресе.