Што да одлучиш нема да згрешиш.
Околу 100.000 км не се проблем кај Субаруто, ако и во иднина возиш со овaa динамика во наредни 6 години би поминал 40.000, еве и 60.000 да поминеш пак нема да бидат ништо за таа кола. Кеифот да ја имаш е огромен, од една страна. Ама па дали реално имаш потреба од таква кола.
Ама па од друга страна, да дадеш кола која ти си ја израснал и знаеш како дише што се вика, за нешто што незнаеш како е одржувано, што можда има скриена маана, или некој дефект за чија оправка ќе те фркне глава, незнам баш дали е разумно да се влага во таква авантура. (Немора да значи дека има дефект, нели, само претпоставуваме дека може да има)
Ако тие 7-8 илјади годишно ти се претежно низ град според мене не ти треба Субаруво, ако повеќето ти се на отворено и тоа како ти треба Субаруво.
Се трудам да се ставам на твое место, како би постапил ако треба да го сменам Аурисот, и разумот ми вика никако, ама па од друга страна срцето ми вика, зимај го Субаруто бе будало, кога друг пат ќе имаш прилика да имаш таква кола во раце.