Абе веќе ти пиша Банзаи, поголем бандаш значи поголема ротациона инерција, или како и да се викаше, што значи дека му треба повеќе сила на моторот да го заврти, и силата што би ја користел за забрзување, ја користи за вртење на бандажот. Истиот муабет е и со тежината - колку е потежок бандажот, толку повеќе сила му треба на моторот за да го движи.
2 инча се веќе нешто ситно над 5 цм повеќе. Тоа е 5цм поголем дијаметар само за бандажот.. Тука доаѓа и гума.. Па рачунај дека поголема гума скоро секогаш е потешка, итн итн итн.
Чисто за споредба, извади еден бандаж, и земи еден од оргиналните, и измери ги. Многу ме интересира која е тежината на стандардните сосе гума, која е тежината на OZ-то сосе гума.