Автор Тема: Ефектот на бандажот и гумата кон моторот, забрзувањето, максималната брзина и др  (Прочитано 43359 пати)

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8535
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Значи една општа дилема за мене. Кој знае знае, многу ме изненадило колку може да има големина на гума ефект на забрзувањето. Иако кај мене најверојатно катализаторот е запушен и варијаторот е неисправен забрзувањето е како кај 101. и самиот осеќам мачење кај колата и немоќ при стартување од поодамна.

Од друга страна пак слушнав коментари од типот "немале врска гумите и бандажите".

Битен ми е муабетот зашто стварно несакам даги дадам бандажите, ама веќе се дадени на оглас за продавање. Ми се врти и комбинација да ставам гуми 205/45/17 ама што добивам со тоа, и тие би треало даму бидат тешки.

Ајде малце повеќе на оваа тема.

Отсутен creator4e92

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 123
вака еве од искуство на Хонда Акорд 2009 од новиве 2,0 редовни гуми има 215,ставивме 225 али кинески и бидејки мн бучеа ги сменивме на 235-ки искрено се е исто само минимално поголема потросхувачка ама и мн поголема сигурност сакам да кажам "ЛЕПИ" ко лудо куче .
исто така на моево количе Сеат Алтеа 1,6 фабрички 195ки стаив 205 колата покажува подобри перформанси. незнам не се разбирам мн од коли али од лично искуство тоа е...се надевам можеби помогнав :)

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8535
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
вака еве од искуство на Хонда Акорд 2009 од новиве 2,0 редовни гуми има 215,ставивме 225 али кинески и бидејки мн бучеа ги сменивме на 235-ки искрено се е исто само минимално поголема потросхувачка ама и мн поголема сигурност сакам да кажам "ЛЕПИ" ко лудо куче .
исто така на моево количе Сеат Алтеа 1,6 фабрички 195ки стаив 205 колата покажува подобри перформанси. незнам не се разбирам мн од коли али од лично искуство тоа е...се надевам можеби помогнав :)

Ок ова е интересно... А големината на бандажов во двата случаеви е ист, само широчината на гумата е менувана или?

Отсутен vili

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 114
Толкава разлика во забрзување со поголеми бандаши не би требало да осеќаш.

Можеби само на штоперица да ја осетиш пошто сепак се работи за појака кола.

Тебе сигурно варијаторот ти е тотално надвор од функција така да не врши корекција на брегастите.

Имам слушнато дека постоело кит за варијаторот кој чини горе доле 20 евра и дека може да се сервисира без да се менува целиот. Распрашал се кај алфистиве.

Сеат Алтеата 205 65 р16 и не се мењати бандажите и напротив ми рекоа у сеат дека можам и 215-ки да ставам без проблем.Истото се однесуваше и за Акордот и еве послушавме и се пасуваат истите  бандажи и нема никакви проблеми,дури на Акордот со помалите гуми 215-ки двапати на донлоп се правеше цицка на гумата од удари ,а сега на 235 донлоп со исти бандажи нема гајле да не урочам пупупу :)

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8535
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Толкава разлика во забрзување со поголеми бандаши не би требало да осеќаш.

Можеби само на штоперица да ја осетиш пошто сепак се работи за појака кола.

Тебе сигурно варијаторот ти е тотално надвор од функција така да не врши корекција на брегастите.

Имам слушнато дека постоело кит за варијаторот кој чини горе доле 20 евра и дека може да се сервисира без да се менува целиот. Распрашал се кај алфистиве.

Значи и да има најмал ефект(како најмал рачинам секунда, стотинка не е битно) идат бандажите на продажба. А варијаторот ќе биде нов деновиве и катализаторот ќе го нема.

Рики кажа да не е палењето изместено, само по мое во тој случај би требало да загрева моторот, кај мене нема таков проблем.

Отсутен vili

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 114
Алтеата фабричка димензија носи 205 55 /R16 а ако биле 15 ки тогаш димензијата била 195 65 /R 15

Отсутен creator4e92

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 123
не сум сигурен  195-ки али мислам дека беа 16ки а дека после бандажите не ги мењавме,а сега е 205 55 р16,после за сиг ке проверам и ќе ви кажам за 100% а акордот сигурен сум дека е така...

Отсутен cuoresportivo159

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4194
Mene ne mi se veruva deka moze da e  do bandazite,a da ima tolku osetna razlika kako ti so ja opisuvas......definitivno ima razliki na ubrzanje,max.brzina,drzenje.....ama do tolku padnati performansi ne veruvam
Alfa Romeo 166 is one of only three cars that have "that special thing" !!! 
-J.Clarkson

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17594
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Толкава разлика во забрзување со поголеми бандаши не би требало да осеќаш.

Можеби само на штоперица да ја осетиш пошто сепак се работи за појака кола.

Тебе сигурно варијаторот ти е тотално надвор од функција така да не врши корекција на брегастите.

Имам слушнато дека постоело кит за варијаторот кој чини горе доле 20 евра и дека може да се сервисира без да се менува целиот. Распрашал се кај алфистиве.

Ме заинтересира постот на vili и расчепкав малце по интернетов:

http://ricambi.alfisti.net/product_info.php?info=p7481_Repair-kit-for-Advance-variator-Alfa-Romeo-all-TwinSpark-Models.html

еве го китот за поправка, и читајќи го процесот, сфатив дека овој кит само го решава дизел звукот кој го произведуваат T.S. моторите, а не ја повраќа/подобрува функцијата на на варијаторот.

Back on topic:

По мое, експериментирање со дијаметар на бандажи на вакви коли како нашиве (читај под 200 коња) е чиста коцка. creator4e92 сменил само ширина на гума, што е прифатливо, но не и дијаметар. Alfa бензинските моторите се компромитирани во поглед на обртен момент, па поголеми гуми би било логично да даваат по-тром старт. Поправите ме ако грешам негде.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34146
  • Таков е животот... јебига
Члинко друже ајде малце да објаснам јас што сум студирал по нетов пошто јас ти ги ставив бубачките во глава.
Влијание на гумите:
1. Поширока vs потесна гума: Тежината на колата се распоредува на поголема површина а тоа од своја страна повлекува некои измени:
1.1 на суво има подобар грип, подобар старт, подобро кочење подобро однесување во кривини
1.2 на мокро тоа што важи за на суво оди во обратна насока односно полошо се однесува колата бидејќи   гумата зафаќа повеќе простор и повеќе вода мора да исфрли а во исто време бидејќи поголема е површината на распределба на тежината контра-силата на водата има поголемо влијание на гумата и повеќе ја исфрла према нагоре.
1.3 на снег е слично како и на мокро со тоа што пошироката гума потешко сече низ снегот и потешко доаѓа до асфалтот поради тоа што тежината на колата се распоредува на поголема површина. Затоа Рели колите на снег имаат такни гумички

2. Повисок vs понизок профил на гума: зголемениот дијаметар предизвикува покомотно возење, подобра амортизација и намалена веројатност за пукција на гумата (затоа оние wrangler i bfgoodrich гуми што ги ставаат на monstertruck и оние офроуд возила се високи профили за потешко да се дупат газејќи врз коли и карпи и слично). Но од друга страна на асфалт при спортсо возење има многу поголема sidereal деформација што се јавува на суво и при вртење на големи брзини. Ова предизвикува непрецизно вртење, задоцнето вртење, големи деформации кои предизвикуваат прегревање на гумата а во најлош случај и истегнување на гумата од самиот бандаш

3. Поголем дијаметар vs помал дијаметар на цело тркало (гума плус бандаш):
она што тебе те интересира во врска со перформансите (занемари ја точка 1 бидејќи не е релевантна тука), поголем дијаметар се однесува ИСТО како да ставиш замаец со поголем дијаметар (само битни се пропорциите). Последици на ставање на поголем дијаметар на гуми:
3.1 при драг трки разликата се увидува зависно од должината на патеката бидејќи малку послабо ќе забрзува (исто како да имаш подолга прва брзина) ама пак од друга страна за некоја секунда или дел во секунда подолго време ќе бидеш во прва брзина (за разлика од колата до тебе да речеме е иста кола ама со помал дијаметар на тркало). Ова значи дека малце ќе те јаде за третина кола на пример ама таа предност ќе му ја земеш додека тој шифта во втора брзина а ти си една секунда (да речеме една секунда) подолго во прва брзина. Кога ќе ставиш во втора веќе ти си скроз исто до него ама сепак тој побрзо забрзува бидејќи е со поголем број на вртежи и има поголем торк во моментот. Исто ќе биде и кога тој ќе шифта во трета а ти ќе бидеш во втора и пак ќе го стигнеш. Е сега зависи на кое растојание се тркаш, во твојот случај тој ќе тепа на пократка стаза ама ти ќе тепаш на подолга (поголем top speed). Со други зборови ефектот е исто како твоите брзини да се подолги или да речеме имаш поголем замаец.
3.2 тркалото со поголем дијаметар слично како и во точка 1 тежината ја распределува на поголема површина и важат истите правила како и кај точка 1 само во помал обем.
3.3 тркалото со поголем дијаметар  соодветно го поместува тежиштето на колата (тежишната точка) према нагоре што негативно влијае на стабилноста во сите временски услови правопропорцијално на зголемениот дијаметар. Ново наши услови овој фактор би бил занемарлив.

Ако се сетам на уште некој ефект ќе пишам.

Еве се сетив ЕДИТ:
Поголемиот дијаметар на тркалото предизвикува послабо моторно кочење што негативно ќе се одрази на должината на кочењето како и загревањето и греењето на плочките на кочниците :)
« Последно менување: 08 Август 2011, 14:26:50 pm Falanga »

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8535
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Колку што те сватив, бандажите што се 17 ки апсолурно немаат врска додека дијаметарот е запазен.

Гледано по калкулатор кај мене фабрички тркала се 185/65/15 јас со новиве тркала 215/45/17 влагам во плус четири сантима. Тука го добивам ефектот на поголем дијаметар, што ќе се случи кога би ставил исто се само да ја стеснам гумата на 205? тогаш вика минус пет дијаметар. Дали е тоа попаметна работа?

Со оглед на тоа што се запазува дијаметарот без разлика дали гумата е 15 или 17 тежината од едно тркало до друго не би требало дабиде повеќе од кило. Ако е и ова така тоа значи дека најбитно е да се запази дијаметарот.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55048
  • Махер
Најбитно е де... Да биде +-3%, зависи дали возиш повеќе надвор (поголема гума) или повеќе во град (помала), и готово.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34146
  • Таков е животот... јебига
Со оглед на тоа што се запазува дијаметарот без разлика дали гумата е 15 или 17 тежината од едно тркало до друго не би требало дабиде повеќе од кило. Ако е и ова така тоа значи дека најбитно е да се запази дијаметарот.

Да бе друже. Се додека ти е ист дијаметарот немаш разлика како што е опишано во точка 3.

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8535
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Значи сакате да кажете ич да не ги давам бандажите???

А маме му ебам вчера 90 денари пуштив оглас на пазар 3....