Автор Тема: Нови Евротаблички  (Прочитано 111043 пати)

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6150
Одг: Нови Евротаблички
« Одговори #780 на: 17 Мај 2023, 14:41:35 pm »
Ти џабе не планираш... Ќе дојдеш на прва проверка, не само што нема да завршиш работа, него и казна ќе пиеш.

Ѕид со глава не се бутка. Ќутете, бар таблиците ги спасивме.

Отсутен PetarPano

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 18
Одг: Нови Евротаблички
« Одговори #781 на: 17 Мај 2023, 14:57:00 pm »
Во правилникот за регистарските таблици нема нотирано дека треба да се променат и старите таблици со 3 бројки. Промената се однесува на новите кои имаат код МК. Уште се дискутира и се бара решение иако голем број граѓани извадија нови со НМК и дадоа пари. Сега се шпекулира дека репението ќе биде со лепенка....

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5548
Одг: Нови Евротаблички
« Одговори #782 на: 17 Мај 2023, 15:16:16 pm »
То се чека бе брат, да те орепаат за возење без валидна возачка, немање валидна лична карта, па ако сака и встаница има право да те преспие дур да ти утврдат идентитет. Ќе цути буџетот в година.

Sent from my Redmi 4X using Tapatalk

Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2744
  • Слобода или смрт
Одг: Нови Евротаблички
« Одговори #783 на: 17 Мај 2023, 19:31:09 pm »
Ќе му дадеме бугарски документи ако не важат македонските. :D

Отсутен ialeks

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 303
Одг: Нови Евротаблички
« Одговори #784 на: 18 Мај 2023, 08:36:17 am »
За нови северни документи по 2024, то е невозможна мисија.
А колку луѓе имаат со стари РМ документи останато?
Да се почни денес со закажувања и сликања за нови, ако се да речиме милион луѓе, нема шанси физички да се
стигни со обработка, камоли изработка, и за лични карти и за возачки.

Се сеќавам кога извадија да мора сите да ги смениме старите лични карти кои беа како мини тетратки со нови
биометриски.... луѓе чекаа редици само за да закажат термин, а термини немаше и не се стигаше до роковите
физички да се стигни сета народија да се обработи. Видоја, не видоја, продолжија рокови и то со изговор дека
има епидемија на грип, ајде да не е дека заебавме работа.

Верувам истото ќе се случи пак, ќе се влечка и продолжува, а едино ако мора да имаш северни документи за
ако одиш таму каде се признава ЛК и ВД па да мора да имаш такви. Пасошите си имаат печат внатре за кој
чичко грк или погрчен македонец (овие се најгадни и најревносни) должно си проверува.

Патем, државјани на грција-ЕУ сеуште врват граница за кај нас со лични карти како што имаше во СФРЈ - слика
на лист хартија со податоци (некои РАЧНО ПИШАНИ !!), сето тоа пластифицирано. Ние пак па многу модерни
станавме, а слушав има само 2 машини за изработка на документи на 1,8 милиони - една за возачки и лични карти,
другата за пасоши.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Нови Евротаблички
« Одговори #785 на: 18 Мај 2023, 08:51:07 am »
Ама тука сме и ние криви - све чекаме до последен момент. Не мора до последен момент да се чека. Може и сега да се извадат нови документи и значително да се олесни процесот за сите инволвирани.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Одг: Нови Евротаблички
« Одговори #786 на: 18 Мај 2023, 09:11:06 am »
А зошто така кротко да си легнеме на брашно како ќе ни каже бандата лоповска, зошто не пружиме отпор, зошто да вадиме нови документи, ќе не затворат 500.000-1 милион души, ќе не казнат сите, ќе не извадат на прекршочен суд сите, па ќе треба 1000 суда да отворат, па ни тогаш нема да стигнат 10 години за да не испоказнат. Да не се побунеа луѓето за таблиците немаше да им текне да воведат налепници. Сега ако има доволно отпор, како попчиња ќе направат измена на законот и ќе ја пролонгираат обврската за нови документи (нмк) додека важат старите, односно со РМ.
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5903
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Нови Евротаблички
« Одговори #787 на: 18 Мај 2023, 09:45:29 am »
Да Филип, ама 500.000 луѓе да ги натераш исто да мислат лично сам не можеш. :)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13921
Одг: Нови Евротаблички
« Одговори #788 на: 18 Мај 2023, 09:56:03 am »
Јас сеа сменав возачка иако очекував да е некаде со важење до 2029 оти ја сменав во 2019.

Тогаш се уште важеа овие возачките книшки, а немав никогаш извадено (за по три месеци да ги укинат ;D).

Нејсе, возачката ми беше издадена 2013 година во Битола.

За да извадам возачка книшка во Скопје, морав да вадам нова возачка дозвола (сликање, уплаќање итн).

Интересниот момент е што, да, МВР Скопје ми издаде нова возачка дозвола, но со рок на траење од претходната :) значи до 2023.

Чиста среќа што забележав.

Исто правилото било не смееш да закажеш за нова возачка повеќе од 1 месец пред истекување, бидејќи пак ќе ти го внесат стариот датум ;D

Муабетот ми е, со оглед што сме банана држава, сеа кога ќе менуваме документи, убаво прашајте како ќе биде рокот на траење, дали документот ќе важи со датата од претходниот документ или нов датум на важење.





Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3774
Одг: Нови Евротаблички
« Одговори #789 на: 18 Мај 2023, 10:01:44 am »
Ама тука сме и ние криви - све чекаме до последен момент. Не мора до последен момент да се чека. Може и сега да се извадат нови документи и значително да се олесни процесот за сите инволвирани.

Па ете со таблиците, некој кој што постапувал вака и со време си ги сменал сега е минус 2000 денари :D
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5903
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Нови Евротаблички
« Одговори #790 на: 18 Мај 2023, 10:09:33 am »
А некој што купил со НМК таблици ги потрошил на сервис тие 2000. ;)
Заследи ме за повеќе финансиски совети.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Нови Евротаблички
« Одговори #791 на: 18 Мај 2023, 10:16:37 am »
Интересниот момент е што, да, МВР Скопје ми издаде нова возачка дозвола, но со рок на траење од претходната :) значи до 2023.

Чиста среќа што забележав.

Исто правилото било не смееш да закажеш за нова возачка повеќе од 1 месец пред истекување, бидејќи пак ќе ти го внесат стариот датум ;D

Ова е монументална глупост, ама па реално, многу малку работи ме изненадуваат околу системските решенија кај нас.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7056
Одг: Нови Евротаблички
« Одговори #792 на: 18 Мај 2023, 10:23:24 am »
Мене пасошот ми истекува март 2024, ми е страв да одам да барам нов пошо го задржуваат и после не го издаваат, па така ќе гледам некој период кога не планирам да одам некаде..

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Нови Евротаблички
« Одговори #793 на: 18 Мај 2023, 10:30:18 am »
Мене пасошот ми истекува март 2024, ми е страв да одам да барам нов пошо го задржуваат и после не го издаваат, па така ќе гледам некој период кога не планирам да одам некаде..

Мене сега ми истече пасошот, завршив работа за 3-4 дена, ми го вратија и стариот.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7056
Одг: Нови Евротаблички
« Одговори #794 на: 18 Мај 2023, 10:39:24 am »
Аууу браво, тоа е ептен брзо, сопругата што закажуваше за ЛК за мајка и, термин средина на јуни и дадоа