За нови северни документи по 2024, то е невозможна мисија.
А колку луѓе имаат со стари РМ документи останато?
Да се почни денес со закажувања и сликања за нови, ако се да речиме милион луѓе, нема шанси физички да се
стигни со обработка, камоли изработка, и за лични карти и за возачки.
Се сеќавам кога извадија да мора сите да ги смениме старите лични карти кои беа како мини тетратки со нови
биометриски.... луѓе чекаа редици само за да закажат термин, а термини немаше и не се стигаше до роковите
физички да се стигни сета народија да се обработи. Видоја, не видоја, продолжија рокови и то со изговор дека
има епидемија на грип, ајде да не е дека заебавме работа.
Верувам истото ќе се случи пак, ќе се влечка и продолжува, а едино ако мора да имаш северни документи за
ако одиш таму каде се признава ЛК и ВД па да мора да имаш такви. Пасошите си имаат печат внатре за кој
чичко грк или погрчен македонец (овие се најгадни и најревносни) должно си проверува.
Патем, државјани на грција-ЕУ сеуште врват граница за кај нас со лични карти како што имаше во СФРЈ - слика
на лист хартија со податоци (некои РАЧНО ПИШАНИ !!), сето тоа пластифицирано. Ние пак па многу модерни
станавме, а слушав има само 2 машини за изработка на документи на 1,8 милиони - една за возачки и лични карти,
другата за пасоши.