Новите таблици кои што имаат МК во долниот лев ќош, ќе може да се користат со соодветна лепенка NMK. Овие таблички не треба да се менуваат се додека сопстевникот не реши да ги менува или до 2024 кога ќе мора да се заменат со нови.
Старите таблици кои што имаат формат SK-XXX-YY ќе мора да се заменат на следната регистрација на возлото.
Лепењето лепенка NMK врз средниот црвен дел на овие таблици каде што стои црвеното правиаголниче со буквите од табличката или лавчето е непотребно затоа што на таблиците нема национални ознаки кои го содржат зборот MK.
Е, сега ептен ако ти се погодила таблицата, последните букви да се МК и отидеш во Грција, може да кркаш шајка по хауба или аутолак по каросерија.
Ова е сублимат на информациите што ги имам досега и не гарантирам за веродостојноста со 100%, но би ги земал како релевантни со голема доза на доверливост.