Моќна става, нов HY-KERS систем, централно поставен V12 мотор, се гаранција за успех на новиот „Ферари“. Oва е најавата за идниот суперавтомобил на компанијата од Маранело со ознака F70. Станува збор, како што пред некое време пишувавме (види тука), за наследникот на култниот модел „Енцо“ и на пазарот би требало да пристигне идната година.

Новиот „Енцо“ треба да биде моќен, со 920 КС добиени со микс на новиот 7.3-литарски V12 „бензинец“, со 800 КС и KERS системот со плус 120 КС. Тоа што не може да се види поради одличната замаскираност е новата шасија, која е екстремно лесна.

И според перформансите ќе биде предизвикувач на „Бугати веирон“. Значи новиот „Енцо“ треба да биде најмоќниот „Ферари“ што кога и да е направен. Останува да ја почекаме новата легенда со разиграно коњче на својот штит.
http://www.visokioktani.mk/mk/articles/promocii/novi-spaj-fotki-na-ferari-f70This is gonna be one ugly motherf*cker.