Новиот „Ферари Енцо“ (Ferrari Enzo) за првпат се покажа надвор од Маранело, на тркачка патека во Германија, каде се тестираа неговите брзински перформанси. „Шпионските“ фотки покажуваат дека ривалот на „Порше 918 спајдер“ и на наследникот на „Мекларен Ф1“ е одлично камуфлиран. Под маскирните прекривки лежи каросерија и шасија од карбон-фибер и нов средишно поставен V12 мотор.
Визуелно е јасно дека станува збор за „Ферари’, благодарение на „458“-стајлингот на предницата и FF-алуминиумски тркала. „Енцо“ има рамен дел пред носот и поголемо надвиснување од „458 италија“, со тоа што е многу поширок од „458“.
Исто така, под сето тоа обложување со „крпи“, се насетуваат повеќе спортски пропорции, што може да се види и од овие „шпионски“ снимки. Може да се забележи и „задното крило“ под маската, за разлика од телото на претходникот „Енцо“, кој позади нема крило-спојлер. На задниот дел се гледа масивна конфигурација, секако просторот каде е сместен средишно поставениот мотор.
http://visokioktani.mk/mk/articles/promocii/noviot-ferari-enco-uloven-na-pateka-i