1. Нелогично високо.
2. Премалку место позади - за тој изглед. Се шифтаат седиштата задни, но тоа нечини исто така. Се гледаат дупки кога се шифтнати назад кои ќе се наполнат со мастики, бонбончиња и хартивчиња од чоколатца. Невозможно колку нема место на задните седишта кога се 3, а не две. Минимум уште 10цм треба да одат назад. Веќе сум го направил компромисот во изглед, зошто и во простор да го правам?
3. Моторот е добар за нежно возење и има темпомат. Мала потрошувачка. Значи задоволува.
4. Би требало да има некакво местенце кај што ќе се штракне седиштето кое се вади од позади - во гепек. Инаку ќе ти се тркала премногу лесно и нервите ќе попуштат. Треба да се прицврстува на некој начин во гепекот.
5. Треба да е во поинтересна боја.
6. Седењето е како во трпезарија, а не како што треба - како во дневна.
7. Непотребен простор над главата насекаде. Може комотно да оди 10цм надоле кровот.
8. При консултација со човек кој сака ваков вид на возила, напомена дека не остава позитивен впечаток. И дека не е доволно удобно. Премногу е комбесто, како да возиш доставно возило. Потсеќа на Добло наместо на Фокус.
9. Не е ни приближно доволно големо за да го оправда изгледот.
10. Не се гледа каде отишле тие 21.000 евра.