Автор Тема: Најдобро возило од Б-Сегмент  (Прочитано 18772 пати)

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: hyundai getz,opel corsa,fiat punto,citroen saxo,c3,c2,mazda 2,fiat grande punto
« Одговори #15 на: 23 Јануари 2011, 17:02:46 pm »
@Deni

Нема ништо лично до тебе. Само дискутираме, никој не напаѓа никого. Овде сме за да размениме искуства и сознанија и да дебатираме на истите. Гледај позитивно на дискусијата, не те нападнав.

Елем, јас сваќам зошто го избра Полото како број 1. Тоа е затоа што милуваш VW и досега имаш само позитивни искуства од тој бренд. Значи нема ништо погрешно во тоа, ниту некој ќе те осуди. Да го кажеше тоа немаше да се повикам на топ-гир, затоа што може да ти понудат и Ферари, а ти сепак да земеш VW. Кола е исто како гардероба, купуваш тоа што ти се свиѓа и ти стои.

Што се однесува до мене, не би знаел да ти одговорам. Треба да имам цел и буџет па да ставам на кантар и да одберам. Во секој случај VW Polo со сигурност ќе влезеше во прв круг бидејќи е возило кое треба да се види.

За лично искуство во таа класа, ограничено ми е на мојата бивша Фиеста 1.3 8V (2004), службените Половци 1.4TDI 70 (2007) и 1.4 TDI 80 (2008) и Фабии 1.4 TDI 70 (2007) и Клиото 1.6 16v (2005) на сестра ми. Тие возила во принцип немаат врска со новите модели кои се продават. Исто како што стариот џез и стариот јарис немаат врска со новиот. Мислам дека ги знаеш моите искуства со тие возила, ако сакаш ќе ги кажам пак.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Најдобро возило од Б-Сегмент
« Одговори #16 на: 23 Јануари 2011, 18:54:32 pm »
Mitsubishi Colt пред сите наведени.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Најдобро возило од Б-Сегмент
« Одговори #17 на: 23 Јануари 2011, 18:54:52 pm »
Поради што?
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Најдобро возило од Б-Сегмент
« Одговори #18 на: 23 Јануари 2011, 18:57:57 pm »
Одлични возни особини, огромен прсотор во кабината, удобно подвозје како што ниеден од наведените не знае да направи, прилично управлив, потентни мотори, забавни за возење, економични...

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Filip

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 176
Одг: Најдобро возило од Б-Сегмент
« Одговори #19 на: 23 Јануари 2011, 22:47:17 pm »
Mitsubishi Colt пред сите наведени.

и јас се слагам со тебе.....исто и хондата е тука......овие две возила и никоја друга.....најубави се ..најкомотни...нај добри атсмосферци имат.....интересна внатрешност......фиестата ми е на трето место......

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Најдобро возило од Б-Сегмент
« Одговори #20 на: 24 Јануари 2011, 00:51:25 am »
Одлични возни особини, огромен прсотор во кабината, удобно подвозје како што ниеден од наведените не знае да направи, прилично управлив, потентни мотори, забавни за возење, економични...
И најголеми можни носечки столбови (поготово А и Ц столб), некад направени во историјата на автомобилизмот... Иначе да, доста добро количе... Мада Џет Фејсот не му стои, изглеа као да го лупнале со нешто тешко одозгора...

Ќе пишам и мои предлози, ама ме мрзи сеа, а башка иам попаметна работа :)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен maci

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1317
Одг: Најдобро возило од Б-Сегмент
« Одговори #21 на: 24 Јануари 2011, 11:37:12 am »
мене фиестата ми е љубов на прв поглед.
па по изглед таа би била на 1 место.
а по возни својства неможам да кажам ништо повеќе.
ќе им верувам на бројките од топ гир.
форд фиеста 1,4 тдци

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Најдобро возило од Б-Сегмент
« Одговори #22 на: 24 Јануари 2011, 12:14:38 pm »
Некои ситници, некои вадења од кожа како тоа со брисачите кога ќе ги исклучиш и останува еден шпиц од кој капе вода после . Ако е со 3 врати, предното седиште ужасно се дига и не се враќа до кај што треба. Кога се гасат средните фарови кога пушташ доллги. Кога гледаш назад има премалку стакло, напред мртви точки за да мавнеш столбче...
Такви работи неможам да ги трпам, уфффф колку ме нервира непромислено нешто. Ваљда професионална деформација. Секако во Поло тоа се е средено...

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10963
  • 430i
Одг: Најдобро возило од Б-Сегмент
« Одговори #23 на: 24 Јануари 2011, 12:40:30 pm »
1. Форд Фиеста
2. Поло
3. Цитроен Ц3
4. Опел Корса
5. Хонда Џез.

Фиестата ми е нај шмеки, аморам да кажам дека посебно ја засакав откако Кларксон и посвети добри 10 холивудски минути.
Полото го возев и тоа мислам во 1.2 изведба. Ми се допаѓа изработката, квалитет и некако моторчето беше осичка. И седењето, да.
Надолу моделите ми се онака по интересност.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Најдобро возило од Б-Сегмент
« Одговори #24 на: 24 Јануари 2011, 13:29:53 pm »
Моето рангирање е следното:

1. Форд Фиеста
2. Хонда Џез
3. Поло
4. Цитроен Ц3
5. Корса

Како што кажа Марјан пред мене, Фиестата е најшмеки (или ја би рекол најсекси) од сите. Особено со добра боја и добар бандаш, нема конкуренција, барем визуелно. Моторите на Форд се друга дискусија.

Џез-от е едно од најпрактичните возила во таа класа, ако не и најпрактичното. Сум ги возел сите овие, и Џезот е убедливо, убедливо најпрактичен. Си има соодветни недостатоци (глупаво дебели А-столбови, цена), али е супер аутце.

Полото е супер, има одличен ентериер и соодветно на брендот, прилично класичен дизајн. Практично е, лесно за возење, одлично погодена ергономија. Али е малку досадно за возење во споредба со Фиестата, и малку непрактично, во споредба со Џезот. И ја го возев со тој 1.2 3-цилиндра, 60 коња моторот. Од љубов го викав Ровента.

Цитроен Ц3 има супер ентериер, али од надвор е малку ружничко.

Корсата е веќе стара, и е нефер да се споредува со другите во класата.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: hyundai getz,opel corsa,fiat punto,citroen saxo,c3,c2,mazda 2,fiat grande punto
« Одговори #25 на: 24 Јануари 2011, 13:58:00 pm »
ете за тоа зборував :D

Добро де, тепаше Хондата :)
Јас ќе гласав за Хондата иначе...

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Најдобро возило од Б-Сегмент
« Одговори #26 на: 24 Јануари 2011, 14:00:23 pm »
Премногу висока цена има Хондата, особено за наш пазар и со денешниве цени на коливе, од по 10-11 илјади.

Инаку во 2011 планираме да земеме за дома Џез, па ќе ви кажам од лично искуство каква е и што е ;)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Најдобро возило од Б-Сегмент
« Одговори #27 на: 24 Јануари 2011, 14:02:12 pm »
Според мои лични искуства, рангирани според убавина, функционалност и задоволство во возење:

1. Форд Фиеста - едно од најдобрите, ако не и најдоброто „мало“ количе во моментов
2. Мазда 2 - количето што ме направи среќен додека го возев! Озбилно, кој е мераклија за возење, нека ја проба, мене многу ми се ’аресе :)
3. ФВ Поло - добитна комбинација во секој поглед се’ додека не е со 1.2 моторчето, попознато како машинка за бричење, под хауба
4. Сузуки Свифт - закон, у повеќе аспекти и димензии :)
5. Рено Клио - имав едно на тест, душата му ја извадив, а пак уживаше и тоа и ја во тортурата :)

Многу зависи комбинацијата од опрема/мотор, мислам нормално :) Ете, Фиестата што ја возев беше со убаво, живчано дизелче, ама у сребрена боја (бљак!!). Мислам, на постоечките оние карактеристични Magenta Red, Electric Blue и Something something Green (:)), они ја даваат и со сребрена боја и раткапни... Yuck! Треба да се забрани тоа со закон :)
Полото што го возев беше жива фантазија, со исклучок на моторот. Се’ друго му беше апсолутно грејт.
Свифтот е количе што ми се свиѓаше уште кога го претставија, па уште кога го возев такво едно џиџано, со убава црвена боја, спојлерчиња и бандажи, љубовта уште повеќе се зголеми :)
Клиото е количе што ми се свиѓа од необјасниви причини :)

Другиве, што знам... Ете да речеме, јас да треба да купувам количе од таа класа, тие ми се најмногу у мисла. Новата Ц3ка ми се свиѓа, ама пак ми е некако женска. Пунто Ево ми е грдо, прошлото (Гранде) многу поише ми се свиѓаше. Ибицата ми е гадна (или постои ЕДЕН редок случај, има таква низ СК - бела, со три врати, црн кров и убави бандажи. Е таа да ми ја дадат, би ја возел, ама сам не би ја купил :)). Пежо 207... не. Толку, без објаснување :) Нема ништо што ме привлекува на било кој начин кон таа кола. Корсата кога ја возев, развив клаустрофобија, а башка ме болеше коленото поради „заштитната ограда“ што ја туриле околу контакт-бравата. Колт - пред да му ја турат Џет Фајтер предницата, ми беше ок, сеа не ми се свиѓа. Башка, поготово кај верзијата со 3 врати, крајните носечки столбови го сведуваат видното поле на -4345 степени. Предните се одвратно широки, а за задните, уште нема збор што може да објасни колку ли се само за нигде. Практичност/прегледност - длабоко под нулата. Хонда Џез - ок количе, ама ништо посебно... Според мене нели... Драстично поголема практичност, во однос на конкуренција.
Друго не ми текнуе што има у таа класа... А башка ме смрзе да пишувам, а и вас сигурно ве фати сафра од читање (кој успеал да прочита све, респек!! Частам пиво!! :))
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Најдобро возило од Б-Сегмент
« Одговори #28 на: 24 Јануари 2011, 14:06:57 pm »
Оп-стоп, дужиш пиво!

Ја комплетно забораив на Свифтот и Мазда 2! Ваљда пошто ретко ги глеам, па скоро и ги заборавам. Свифтот е фантастичен! И од мене поддршка. Мазда 2 е мање-више исто со Фиестата, со тоа што мислам дека Фиестата има подобар ентериер.

На најновот клио не сум нешто посебно фан.. Од надвор, мене барем, ми е ептем ружно. Колтот го вратија назад 10 години со редизајнот, 207 ми е као жаба (колективно окезената фаца на новите модели на Пежо ми е утната).

Отсутен zOkO

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 76
  • брм брм
Одг: Најдобро возило од Б-Сегмент
« Одговори #29 на: 24 Јануари 2011, 15:13:37 pm »
velestrumf смири се малце со пивава, на пола форум дужиш :D Следниот собир ќе биде масовен само ради тебе. Иначе ја коа бев у Фиат у јуни негде тие продавачите (ако може така да се наречат пошо се убедени дека се манекени шо се на гости) ми рекоа дека и Ево и Гранде ќе си се продаваат паралелно се додека не искочи ново (грандето е некои 300 евра поевтино).

Сеа ми текна... се рачуна DS3... ако се рачуна ондак нема конкуренција :)
I don't discriminate, I hate