Здраво @nestor04
Ми личи дека ги пратиш работите, ако не е проблем да прашам за совет.
Во Ноември треба да одам во Берлин Германија, сакам да земам Pixel телефон.
Од каде да гледам и каде може да налетам на некоја понуда ?
Јас Saturn гледав.
Би ти препорачал да гледаш телефон што е подостапен кај нас. Нема делови тука за Пиксел. Недај боже ќе ти се погоди фабричка грешка или ќе ти падне, нема да можеш да го поправиш.
Јас на Пиксел 8 имав фабричка грешка - фалична серија на екрани. Гаранцијата ја продолжија на три години за тој дефект, ама истата признаена само во Америка. Кај нас по мобилариве немаа заменски екрани и надвор од гаранција, па го праќав назад во Америка да го сменат. Среќа имав луѓе, ама зафрканции безвезе.