Според мои лични искуства, рангирани според убавина, функционалност и задоволство во возење:
1. Форд Фиеста - едно од најдобрите, ако не и најдоброто „мало“ количе во моментов
2. Мазда 2 - количето што ме направи среќен додека го возев! Озбилно, кој е мераклија за возење, нека ја проба, мене многу ми се ’аресе
3. ФВ Поло - добитна комбинација во секој поглед се’ додека не е со 1.2 моторчето, попознато како машинка за бричење, под хауба
4. Сузуки Свифт - закон, у повеќе аспекти и димензии
5. Рено Клио - имав едно на тест, душата му ја извадив, а пак уживаше и тоа и ја во тортурата
Многу зависи комбинацијата од опрема/мотор, мислам нормално
Ете, Фиестата што ја возев беше со убаво, живчано дизелче, ама у сребрена боја (бљак!!). Мислам, на постоечките оние карактеристични Magenta Red, Electric Blue и Something something Green (
), они ја даваат и со сребрена боја и раткапни... Yuck! Треба да се забрани тоа со закон
Полото што го возев беше жива фантазија, со исклучок на моторот. Се’ друго му беше апсолутно грејт.
Свифтот е количе што ми се свиѓаше уште кога го претставија, па уште кога го возев такво едно џиџано, со убава црвена боја, спојлерчиња и бандажи, љубовта уште повеќе се зголеми
Клиото е количе што ми се свиѓа од необјасниви причини
Другиве, што знам... Ете да речеме, јас да треба да купувам количе од таа класа, тие ми се најмногу у мисла. Новата Ц3ка ми се свиѓа, ама пак ми е некако женска. Пунто Ево ми е грдо, прошлото (Гранде) многу поише ми се свиѓаше. Ибицата ми е гадна (или постои ЕДЕН редок случај, има таква низ СК - бела, со три врати, црн кров и убави бандажи. Е таа да ми ја дадат, би ја возел, ама сам не би ја купил
). Пежо 207... не. Толку, без објаснување
Нема ништо што ме привлекува на било кој начин кон таа кола. Корсата кога ја возев, развив клаустрофобија, а башка ме болеше коленото поради „заштитната ограда“ што ја туриле околу контакт-бравата. Колт - пред да му ја турат Џет Фајтер предницата, ми беше ок, сеа не ми се свиѓа. Башка, поготово кај верзијата со 3 врати, крајните носечки столбови го сведуваат видното поле на -4345 степени. Предните се одвратно широки, а за задните, уште нема збор што може да објасни колку ли се само за нигде. Практичност/прегледност - длабоко под нулата. Хонда Џез - ок количе, ама ништо посебно... Според мене нели... Драстично поголема практичност, во однос на конкуренција.
Друго не ми текнуе што има у таа класа... А башка ме смрзе да пишувам, а и вас сигурно ве фати сафра од читање (кој успеал да прочита све, респек!! Частам пиво!!
)