Автор Тема: Кои се причините за зголемениот број сообраќајни несреќи ?  (Прочитано 24125 пати)

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20611
Како што рече Мечето, благодарен сум што уште ја газам земјата, со оглед на тоа како сум возел возат околу мене...

Моја мала модификација, пошто најчесто сум пешак.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Полицијата освен што казнува може кога ќе те застане и да те едуцира. Место казна да ти пише нека направат "училници" ајт на 10 часа. Ако не идеш тогаш нека те казнат.

Oдлична идеја, со тоа што ја би направил ЕМ казна ЕМ задолжителна едукација со испит на крај. Ако не го положиш - дај ваму дозволата, јави се следната сесија, аутобуската ене ја онаму.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54920
  • Махер
Ќе окапеш по часови... :D

Отсутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43559
  • Il Moderatore
Има многу сообраќајки зашто не направат како во белиот свет. Кола над толку и толку коња годишно трето лице да биде за млади возачи 1000 до 2000 ЕУР па после ќе видиме дали ќе има толку жртви.


Дискутираме за тоа што се случило за да има 40% повеќе жртви во 2013 наспрам 2012. А не што е со белиот свет. Јасно?

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3009
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Причината за сообраќајните незгоди во Скопје, односно во градските средини, дефинитивно е човечкиот фактор, но и непродуктивната работа на полицијата. На магистралните и регионалните патишта низ државата сметам дека поради (не)квалитетот на патиштата, човечкиот фактор и не игра така огромна улога, иако голем дел од несреќите се случуваат поради некои сивоњи што мислам дека можат да претицуваат каде ќе стигнат па ете ти директен судир при поголема брзина со фатални последици. Е сега, од друга страна се наметнува прашањето, кога нашиов народ знае дека патиштава за такво не ги бива, па кој такво не ја прилагоди брзината према условите на патот, нека прати сигнализација, сигурно не е стаен џабе знакот дека има остра кривина или пак коа ќе видиш дека патот е ораница и дека има дупки, намали, процени ситуација, ама не убаво спомна некој, се качија од југовци на голфови со 2-3 црвени и ајде сеа патот е мој и само мој.

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Им дале на децата и малите да возат јаки коли. Е па затоа. Просто е.
И милицијата треба да реагира и да не спие. Треба да се направи врска осигурање-милиција и да се води досие.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3845
Не можев да исчитам се некако многу сте се написшувале, ама еве две работи мене што ми сметаат и мислам дека во голема мерка придонесуваат кон овој проблем:

1. Непостоење на почит кон било кој друг ниту спрема било кое правило. Едноставно секое правило во сообраќајов се прекршува, секој друг во сообраќајот е крив, ние кога правиме сами грешки „не е така страшно“. Онаа улица на која живеев долго време и секој ден поминувам сге барем 10 жртви носи годишно. Тие се само од човечки фактор. Токму овој што го пишувам (ку*ње и глупирање на кратко).

2. Несоодветната инфраструктура, од пешачки што лизгаат до непримерни знацим невидливи препреки, дури и патот е тешко да се најде. Оние пешаци сироти кај Кривопаланечки села знам од што погинаа. Па јас враќајки се од Бугарија секогаш сум велел само господ ги чува. НИкаква латернатива немаат за движење освен тој пат. Патаот не се гледа, тие не се облекуваат соодветно да бидат видливи. Секое поминување таму сум се молел да не зденам некого дури со возенје 60-70. безброј вакви примери има. А лошата инфраструктура те тер или да се сомневаш во бележењето. Често одиш и гледаш заборавени знаци, не дај боже да има кај нас интелигентна сигнализација, знаци кои се менуваат завосно од сосртојбата - на пример во недела не работи механизацијата на грдилиште крај пат па може 80 да биде на автопат, а кога работи 40 да пише. А и онаа глупшата сигнализација е повеќе од неупотреблива. Мене ваквата инфраструктура душа ми вадела. Ќе те утепа еден пат од Тирана до Скопје вечерно време. Колку и да си внимателен едноставно ќе те исцрпи а тогаш грешките многу лесно се прават.


Според мене подеднакво битни се и двете да бидат изменети за да се постигнат било какви подобрувања.

Отсутен ZokiPet

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 332
1. Трактор штотуку излезен од нива на регионален пат кој ја тресе калта до кај ќе стигне.

2. Камион кој носи песок, бетон, пченка и што уште не и ја посипува зад себе

3. Еден куп неисправни возила кои го „подмачкуваат“ асфалтот со маслото кое им капе од секаде

4. „Тикван-самоубиец“ со мотокултиватор, трактор-југо-лада-101 со приколица без соодветна светлосна сигнализација на неа

5. „Дибек-камиказа“ на кој од светлосна сигнализација на возилото му работи само сијаличката во гепек

6. Еден куп „Шабани“ со афтермаркет сијалици ос 1.000.000 К кои осветлуваат се освен патот и нивни „братучеди“  кои имаат пари да дадат за кесенон и неонки под возило а немаат пари да ги сменат прегорените сијалички.

7. „Другарчињата“ од технички кои скапани возила ги пропуштаат на регистрација побрзо од Ферари во пит-стоп на Ф1 трка  

8. Кучиња кои си шеткаат по автопат, зашто некој си ја собрал заштитна ограда, а некој друг не сака да ја поправи

9. Дотраени пропаднати коловози со надолжни вдлабнатини кои при дожд се поприкладни за фрегата отколку патен сообраќај, а и новите кои се под секаков стандард, крајно неквалитетно изработени, па првите знаци на оштетување ги покажуваат за неколку месеци

10. Споменав некаде тотално технички неисправни возила ? Знаете оние без кочници, амортизери, скапано подвозје, дотраени рамена, вилушки, стабилизатори...

11. Возачи, од сите возрасни групи и полови, партиска, верска и етничка припадност, полни со самодоверба но без елементарна возачка култура а понекогаш и без возачки вештини.

Ох, за малку ќе заборавев!
Полицијата - онаа сообраќајната, која дреми со радар на сите „подли“ места за да фати норма, но никогаш предупредувачки кога има опасност на одредена делница да речеме од леден дожд, маслен коловоз, одрони... Не, тогаш зад грмушка си јадат скара на хауба.

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3009
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Проблемот е што југо што се движи со 50 на саат ќе го запре и ќе го гњави пола саат, а у тоа време ќе прелетаат по некој голф или мерцедес или бмњ со 100+ и никому ништо. Полицијата кај нас не си ја врши работата како што треба. Класичен пример, пред неколку дена се враќам од драчево, кај Јуск стојат џандари, од усје према драчево се движат три коли од кои што првата ми се чини беше ц класа мерцедес се движеше со осетно голема брзина, позади него гољф кој што можеби се обидување да го прати, но не возеше толку брзо и на крај третото возило некој фиат ми се чини беше кој што беше претицан од претходниве двајца непосредно пред да се стесни патот, а се движеше со нормална брзина. Намалив малку брзина и погледнав на ретровизор и погодете кого застанаа џандарите? Да, Фиатот кој што се движеше со најнормална брзина.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43559
  • Il Moderatore
Мора да бил кабает тој со фиатот, пошто почитувал правила. Овие што не почитуваат сигурно се и осигурани, и поминале технички и имаат чичко/вујко/стрина/роднина на позиција. Овој со фијатов најсумљив, пошто по пропис вози...

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3009
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Работата е што џандарите не ни пратат ситуација, си праат муабет меѓу себе си бркаат друга работа и како ќе им дое си застануваат. Па гледаш дека лета тој, запри го, прашај го кај брза, опомени го, ама не они не гледаат, не пратат ситуација, гледаат што се дешава, убаво пиша некој погоре, само гледаат да си испунат норма и што побрзо да ги снема од таму и да се пикнат у некоја бензинска да се гагаат кафе.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Изглеа згрешиле што не те изгореле а? :D
Баш напротив, сега секогаш кога одам накај тутунски ставам појас, пуштам светла и не зборам на мобилен.
@Бугар не се врски, имаа акција и сите што бевме сопрени не пуштија на едукативниот филм, кога отидов во станица бевме над 50 души :)

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Изглеа згрешиле што не те изгореле а? :D
Баш напротив, сега секогаш кога одам накај тутунски ставам појас, пуштам светла и не зборам на мобилен.
@Бугар не се врски, имаа акција и сите што бевме сопрени не пуштија на едукативниот филм, кога отидов во станица бевме над 50 души :)

Интересно и за пофалба ако е така.

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Битен фактор, се вози со несоодветни, стари дотрајани гуми купени од отпад.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6566
Се тоа спага во човечки фактор, човекот одлучува што кола ке вози, како ке ја вози, со какви гуми ке ја вози и во каква состојба ке ја вози.
Се тоа спага во човечки фактор.