Фала ти, еве и јас да ти напишам што ми вели упатството од колата, кои спецификации и градации:
Масла со поширок опсег
-Спецификација API-SF, SG или SH
-Спецификација ACEA (CCMC)-G2, G4 или G5
-Спецификација VW 501 01
Течни масла со поширок опсег
-Спецификација VW 500 00
А како препорачани градации:
-SAE 20W-50
-SAE 15W-40
-SAE 15W-50
-SAE 10W-30
Со напомена да не користам масла под вискозитетна група SAE 10W
Интервал на замена 1 година или 15 000 км, што попрво тоа.
Потрошувачка на масло до 300 мл на 1000 км се смета за нормално, над тоа да се оди на проверка во сервис да се детектира во што е проблемот.
Е ова е тоа што ми го пишува во упатството, не сум во можност сега да сликам, во прва прилика и слика ке ти прикачам за да не мислиш дека нешто сега измислувам.
Реално чудни препораки, ме тера ем да турам високи градации, ем интервалот на 15 000 км. И башка не ми препорачува 10-40ка.