...
Тајниот одговор е под Ц. Јас такво ставив на мечето. И се вика... Мобил 1
Претходно му имаат ставано New Life, ама сега решив да му ставам од ова. Спие.
Во наши услови, 5w-30 е ретко масло за нашата клима. После 15к на менување клокоти како вода.

Прибидејќи модерните мотори се модерни и со пониски толеранции на склопување, најчесто турбинирани си користат потенки масла за да влегуваат полесно низ процепите, оските, лагерите на турбините и брегастите, а во исто време да имаат одлична термичка стабилност во цилиндрите, (особено зимно време, минус температури и градски интервали на возење) подобро е да се става такво ретко, лизгаво масло. За летно време и пржење во високи вртежи и температури, погусто масло е правилниот избор особено за клима како нашата.
Најидеален рецепт за возење на масло се препораките на БМВ инженерите од М-дивизијата. Зимата фураш со 0-30/5-30, а летото 10-60 за атмо М мотор. А за турбиниран М-мотор 0-40 во секое време и секое место.
пс. Се ова што напишав е лично мислење и шпекулации базирани на моето скромно искуство со масла, и нормално, што пишува на интернет. 
луки свака ти част секоја ти дала. конечно нешто од пракса а не само теории.
1. да, баш за тоа и разговаравме кое масло да се вози во градска вожња и која градација?
2.кое масло со која градација да се користи во микс, град/отворено?
3. на колку км да се промени и кој индикатор да се користи за тоа?
Предлог:
1.исклучиво градска вожња градација 5в30 нормата на фауве 50400 бензинци и 50700 дизел автомобили.
предлог кандидат:мобил1 есп формула, па останати со тие норми... во нормални рамки домаќинско возење, она дифолт возење.
2. микс вожња: 5в40 или 0в40 зависи од буџетот препорака масла со
MB-Freigabe 229.50/51 и да се пази стриктно на канчето да пишува MB-Freigabe а не само нормата.
3. во градска вожња 200-300 работни часа на моторот, зависи од просечната брзина дали е испод 30кмч или над 30кмч.
Во микс вожња 1год. макс. 15.000км но никако лонглајф 2 год. 30.000км или чекање на сензорот да кажи кога да се смени.
4. секогаш по можност да се користат ОРИГИНАЛНИ филтри за масло, воздух и гориво. Доколку тоа не можно да се оди на афтерсејлс од Mahle, Mann, Bosch, Purflux.
зошто оригинал? затоа што оригиналните филтри се вградуваат и во тие автомобили кои се под гаранција(а можат да се купат и за тие кои не се под гаранција) кога одат на редовни сервиси, па така, производителите да се заштитат самите себе од добавувачите бараат поголеми инспекции на квалитетот на производите и загарантирани поминати километри да издржи материјалот. тоа секако кошта поише, но на крај пак муштеријата го плаќа.
Во афтерсејлс ја немаат та обврска, колку држи држи. Каков се погодил се погодил. Плус, ниеден добавувач нејќе да сјебе ОЕМ линии, пре раката ќе си ја пресече него да крати на контроли или квалитет. Бидејќи тоа е за таа мала бранжа убиствено да ти излезе муабет дека оем производите ти се слаби не држат километража. произведувачите меѓу себе одма наоѓаат канали и комуницираат такви јебанки.
исто ко кај механичарите, ти сјебе ли еднаш колата чим му излезе муабет дека е лош готов нек затвори гаражата

Луки, кое според тебе да се избере А или Б? ипак типувај
