Колегата спомнува се и сешто, ама ништо од тоа не го протумачи. Нафрлува факти како на пример "NoAck", без да ни каже што соединение е тоа, зошто 9% е поремногу, зошто 5% е ТАМАМ... Ако веќе влегуваш во посериозна дебата, објасни се комплетно. Кој учел хемија во основно и средно, ќе те разбере 
секој сериозен производител на масла кој сака да делува професионално и транспаренто спрема потрошувачите мора да има во спецификациајта на маслото NoAck вредноста. Во најлош случај ако не е јавно објавена мора да ја каже по писмен пат преку мејл или друг вид на комуникација.
испитувањето на ноак вредноста е стандардизирана и се тестира во лабараторија и ни кажува на нас корисниците колку грама од маслото би испариле кога маслото би се загреало 1 работен час на темп. од 250 целзиусови степени. Вредноста во овој случај укажува на квалитетот и густината на базното масло.
еве да ги споредиме тие две масла од мобил есп формула(5,6) и од ина(9,8):
5.000грама со испарување на 9,8% 490г
и 5.000грама со испарување со 5.6% 280г.
разликата е 210г. за еден работен час, може ова од корисникот да се интепретира на пр.: „кога ставам мобил помалце ми троши колата, ова од ина поише ми го пие“, што во реалноста не е точно едноставно маслото испарило при работата на моторот, бидејќи хемиските спецификации на маслото се такви какви што се.
Некогаш на пр. се случува, кога колата го „пие“ маслото да се сугерира да се отиде на повисока вискозност на пр од 5в30 на 5в40 или 10в40, автоматски со тоа „технички„ се спречува пиењето или се намалува бидејќи тие масла имаат погусто базно масло кое е поиздржливо на повисоки температури.