Море да видиш како качува 130 степени на јако малтретирање во лето, иако тоа не е ништо за квалитетно масло, лошо е за вискозитетот.
Фала за обидот да ми објасниш. Не е скрос прецизно објаснувањето затоа јас ќе дообјаснам. 505.01 не е заменето со 506.01, тие два стандарди се појавени во исто време и двата се однесуваат за PD моторите. 505.01 е за фиксен интервал од 15.000км, 506.01 е за варијабилен интервал до 2 години, 24месеци, 50.000км. Екуто пресметува број на палења, ладни стартови и ти кажува кога е време да го смениш маслото. 507 требаше да ги замени 505.01 и 506.01, но не ги сменува секогаш. Mobil и Castrol изјавија дека нивните 507 масла не го заменуваат 505.01 стандардот. За збрката со 507 која ги заменува сите 505.01 и 506.01 а не R5 и V10 ТDI, никој нема објаснување во цел свет.
Прашањето беше друго. Јас имам најдено VW 505.01 approvals на некои производитело на масла. Но не е лесно да најдеш approvals oд сите (иако сум се откажал после 15 минути).
Те молам покажи каде што качува 130 на лето користејќи 5-30 масло.
Инаку во врска со спецификациите, многу прецизно е објаснето, веројатно си се збунил некаде со бројките.
503.00 бензин 506.00 дизел кој што подоцна е заменет од 506.00 на 506.01. Значи во група 503.00/506.00/506.01 во моментов се севкупно зaменeти со 504.00 (бензин) и 507.00 (дизел). Има само
2 исклучоци. Р5 и 5.0 В10 ТДИ кои што неможеш да користиш 507.00 туку мора 506.01 (Кастрол 0-30) било за фиксен или варијабилен интервал.Ова ти го читам од официјален документ објавен од VW.
Во врска со ПД мотори 505.01 (фиксен) односно 506.01 (варијабилен од 30 до 50к или 24 месеци). И едната и другата спецификација сега се заменети со 507.00 (освен споменатите 2 исклучоци) и сам ќе си одлучиш дали ќе менуваш на 15.000 или 30.000.
VW 505.01 Engine Oil It is vitally important to use an oil meeting either this, the VW 506.01 specification or the VW 507.00 specification to avoid damaging the diesel pump in PD engines.
505.01 е скоро невозможно во 2017 најдеш од проста причина што треба да бараш 507.00 зошто автоматски ja исполнува таа спецификација.
варијабилен интервал до 2 години, 24месеци, 50.000км.
Треба некоја институција да направи јавен тест на масло после точно 50.000км и 24 месеци, да видиме што ѓубре ќе остане од него.
Освен празни зборови, некое сопствено искуство имаш ли? Да се разбереме, тука станува збор за лонг-лајф масла (504/507). На лошко аудито гледаш има скоро 300к и менувано масло на 30-50к и ништо не му фали на моторот, арно ама тој повторно оди наспроти фактите и ќе менува на 15.000
![Smiley :)](https://forum.carclub.mk/Smileys/FlatEmoji/smiley.gif)
Сфаќате дека фрлате пари во вода? За да некое масло издржи 50.000 или 24 месеци многу е веројатно тоа возило да е некој тип на комбе или лимузина кое што констатно се вози на отворено и тие 50.000 се прават до 12-18 месеци период. Од лично искуство повторно, VW Multivan 2008 ако не се лажам годиште во моментов има 200.000 со варијабилен сервисне интервал и оибчно свентува за промена на околу 40.000. Ниту троши масло, ниту ѓубре. ДПФ си работни перфектно, возилото се вози и отворено и во град.