Од целата дискусија на форум, и од мое искуство а и саатови поминати на нет истражувајки, сите се слагаат околу една работа, секогаш држи се до упатството. Така да, прво него го проучи добро.
Во упатството имаш само три реда напишано за кое масло да се користи. Колку повеќе пати го читаш толку повеќе се збунуваш затоа што не пишува ништо конкретно.
Кај Рено на пример пишува: Renault Recommends ELF. Кај Мерцедес пишува Мобил, кај Фолксваген пишува Кастрол, Шел и други масла.
Кад мало дубље размислиш, сите тие масла се комерцијала. Баш тие масла секористат и рекламираат при авто-трки, поскапи се (пошто нели сите тие спонзорства треба да се платат), квалитетни се и популарни се. Арно ама со популарноста доаѓаат и фалсификатите и тие се тие кои ја јебат работата.
Поздрав дечки до сите, темата е занимлива секоја чест.
Ги листав викендот доста од постовите за оваа тема во однос на мислења и искуства за тип на масло за мотор, па и јас сум во некој крстопат .
Скоро земав KIA Sportage 2.0 AWD CRDi / 2011 година, џипот е екстра сочуван одржаван-изгледа ко нов. Моторот работи мирно без проблем. До сервисна гаранција е одржаван во KIA Мotors но последната година кај локален сервисер каде има точено полусинтетичко 10w-40 со промена 2 пати годишно.
Сега јас како нов газда сакам да го освежам малку моторот да го почастам со синтетичко масло. Препорачано улје од KIA e Shell Helix.
Дали да земам 5w-40 или 5w-30, дали исклучиво Shell или има алтернативи со слични (препорачани) карактеристики?
Секое мислење е добредојдено, па да дискутираме
За тој мотор ако е 100 кв 136кс неможам да поверувам дека некој се осмелил да стави 10-40. Според шел имаш 2 избори.
1. Premium Helix Ultra Professional AG 5W-30
2. Standard Helix Ultra ECT C2/C3 0W-30
Слушам позитивни критики за Pakelo, кое е твоето мислење за нив?
Oсвен ORBIKO дали знаеш некои други застапници за Shell со некој попуст ако има пошто Sportage-ов има голем стомак (8l улје треба да мењам).
Мислиш дека 5w-40 нема да одговара повеќе за нашава клима?
Ако до сега стварно му менувале два пати годишно (патем колку километри во просек годишно поминувало?) тоа објаснува зошто 10-40 масло и тоа е горе/доле океј.
Ретки масла како 0-20, 5-20, 0-30, 5-30 се повеќе препорачани за таму на север каде се пониски температурите. SAE30 градација за наши услови на +40 степени целзиусови и качување на галичица или шибање 160 по велешко брдо е полоша варијанта од 5-40 на пример зошто тие масла стануваат многу ретко кога убаво ќе се загреат. А иначе, генералното правило е: „најреткото масло кое доволно подмачкува е маслото кое треба да се користи и е најдобра комбинација“.
Deneska napraviv servis na leonot 1.2 tsi mu staviv 5/30 motul, vtor servis po red go stavam ne go trosi ni gram a i potivko mi raboti nekako. Poveke sum zadovolen od 5/30 nego od 5/40
Тоа е многу паушално изјавено. Не треба ти да бидеш задоволен од маслото него колата
Битна работа да се напомене е дека работиве со градацииве се точни под претпоставка дека маслата се оригинални и исправни. Така да муабети од типот „ама ја еднаш ставив вакво и бев позадоволен“ се тотално dust in the wind.
Во принцип, паметно е да се заменат неколку масла во краток временски период (под претпоставка дека се оригинални) и да се види субјективно со кое масло најдобро звучи моторот. Ама пошто субјективното мислење често пати е голем заеб и е тотално промашено, постојат лаборатории каде можеш да однесеш примерок од маслото, да направат физиолошки и спектроскопски анализи и да ти кажат, ова масло е добро за моторот или не е добро за моторот.
Кај нас вакви лаборатории нема, така да мораме да се ослонувамо главно на субјективни мислења.
Најдобра комбинација, држење до соодветната градација ЗА СООДВЕТНАТА КЛИМА, земање во предвид изминатите километри и потрошувачката на масло и на крај како битен фактор цената на маслото и гаранцијата за оригиналност. Парите не треба да се штедат ако е видока сигурноста дека маслото е оригинал. Што поскапо тоа подобро. Ако се мора со евтино тогаш да се менува почесто.
И тоа е. Другото е во главном терање по минско поле на среќа.