Поздрав дечки до сите, темата е занимлива секоја чест.
Ги листав викендот доста од постовите за оваа тема во однос на мислења и искуства за тип на масло за мотор, па и јас сум во некој крстопат
.
Скоро земав KIA Sportage 2.0 AWD CRDi / 2011 година, џипот е екстра сочуван одржаван-изгледа ко нов. Моторот работи мирно без проблем. До сервисна гаранција е одржаван во KIA Мotors но последната година кај локален сервисер каде има точено полусинтетичко 10w-40 со промена 2 пати годишно.
Сега јас како нов газда сакам да го освежам малку моторот да го почастам
со синтетичко масло. Препорачано улје од KIA e Shell Helix.
Дали да земам 5w-40 или 5w-30, дали исклучиво Shell или има алтернативи со слични (препорачани) карактеристики?
Секое мислење е добредојдено, па да дискутираме