Не е тоа добро објаснето, тоест објаснето е за лаици кои не поставуваат прашања.
Јас памтам од времето дека Dexos 2 е напреднат стандард кој е препорачан за дизел мотори со DPF. Бензинците можат сеуште да одат со Dexos1 но можат и Dexos2 зошто немаат DPF. А дизел моторите со DPF после 2011-та година треба да користат Dexos2 а пред тоа користеле Dexos1. Така да за дизел со DPF обавезно Dexos2. Муабетот за бензинци и дизели мислам дека е симплифицирана приказна за возачите да се сигурни што прават.
Мислам дека има и разлика околу интервалот на менување ако добро се сеќавам, Dexos1 може кај дизел со ДПФ ама со покртки интервали за менување до 15.000км а со Dexos2 може до 30.000км не ме земајте здраво за готово во врска со ова. Само како идеја за понатмошно истражување.