па се знае што може да се случи од поголемо количество масло во мотор или мењач
а тоа е да пробие некој од семеринзите и да ти го троши уљето или недај боже да пукне клип од високиот притисок
а ова твоево со потешко вртење и потешко палење ко за мали деца приказна
„Се знаело што можело да се случи“ е тоа се глупости за мали деца.
Потешкото вртење и палење е апсолутно точно и непобитно бидејќи е последица од преголемо количество на масло во картерот и поплавувањето на радилицата.
Никаков висок притисок не настанува. Напротив, радилицата го „газира“ маслото и раствора премногу воздух во него, што ќе го намали притисокот на маслото и ќе качува многу мало количество накај вентилите. Семеринзите се дизајнирани да запрат масло во течна состојба а не пена од масло и воздух. Во тој случај ќе истекува маслото (исто како кога би било многу ретко) низ семеринзите, низ клипњачите, низ гумиците од вентилите и истото ќе се потроши. Тоа е се.