Препорачан интервал е 15.000 ама синтетиката држи до 20.000 на бензин кој многу повеќе го прља и загадува уљето отколку плинот. Дури и да извозиш повеќе од 15.000 јас сметам дека не би имал никакви проблеми.
Кај мене на двете бмв-иња со лонглајф 25 000 е фабричкиот интервал. За мене тоа е многу голем интервал. На старото подолго од 12 000 немам возено иако возев само со оригинално бмв синтетика и лонглајф. Новото, засега имам извозено околу 9 000. Кога ќе му менувам летни гуми ќе му сменам и уље. Таман да биде тип топ за пролет/лето.
Ако правиш многу студени стартови и возиш на кратки релации, многу побрзо се менуваат самите карактеристики на маслото. Исто промените на температура во зима, топло/ладно, се ствара кондензација, побогата смеса, ово оно и уљето си станува боза со мајонез.
На фордот еднаш му сменив на 15 500 (сега во ноември кога бев дома). 300 јанѕи ме изедоа оти стариот не го смени поарно. Исто полна синтетика оригинално Форд Формула Ф.
Проблеми конкретно Веле нема да има. Добро уље, малку километри, итн.
Ама, ако се соберат 3-4 смени на 25 000 со премногу студени стартови и кратки релации е друга работа. Тоа се 100 000 километри од кои пола возени на боза со мајонез....
