Автор Тема: Mobil, Total, Elf или какво масло ?  (Прочитано 1753003 пати)

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #1470 на: 02 Септември 2013, 23:42:59 pm »
Арно си направил. Јас тотал користев десет години, и на кадетот и на двете пежоа. Добро масло, само мене не ми одговара пакувањето од 5л

Нели лубекс цело време си ставал во кадетот ? :D

Отсутен deanMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1330
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #1471 на: 03 Септември 2013, 00:05:25 am »
^^ И ако е добро маслото, не само моторот. Неможе да ставиш некое тенко масло како ГМ на пример, и да возиш на 40 степени подолго време, да видиш дали нема да испарува и согорува. Многу е битно маслото да е издржливо на високи температури, бидејки кога надвор е пекол и во самиот мотор маслото е загреано и ако е лошо масло истото согорува и испарува. Мене тоа ми се случи со ГМ-то. 8v или 16v нема врска. Се работи само за верзија на моторот со 8 или 16 вентили, ништо повеќе. :)

Чекај чекај чекај чекај...... Молам? Ај повтори што кажа за маслото и надворешната температура те молам?

Кој дел поточно..? Кажав дека кога надвор пече сонце на 40 степени, температурата на загреаност кај маслото многу побргу се постигнува, и ако имаш ставено масло што не е издржливо на високи температури, маслото согорува и се троши. Што е нејасно овде не разбрав...:)

Отсутен Vlatzki

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2069
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #1472 на: 03 Септември 2013, 03:46:50 am »
Грешка си.... За загревањето.

Ако надвор е 40 степени, и е колата стоена некое време, тогаш моторот (незагреан) би бил 30-35 степени отприлика (пошто нели има хауба што го штити од сонцето).
Ако е надворешната температура поголема од вообичаената (20-25), во овој случај моторот само за пократко време ќе ја достигне температурата. Ама пред тоа уљето со све моторот биле загреани на 30-35 степени, и тоа полека се загревале, а не нагло како што е при работа на моторот.

До 30-35 степени, на воздухот му треба саат можда и повеќе време за да го загрее моторот. Додека при штотуку упалена кола, за моторот да ја достигне таа температура не му треба повеќе од две минути.

Разликата при топол и ладен воздух е тоа што загревањето на моторот од неговата работа почнува при различна почетна температура. Но брзината на загревање до 90 степени (работна температура) е иста... :)

Иначе кое е тоа уље за автомобил што не е издржливо на високи температури ? Во моторот максималната температура се движи од 90-100тина степени, а маслата издржуваат поголеми температури од тоа... Додека се изнад таа температура е штетно за моторот.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #1473 на: 03 Септември 2013, 09:39:25 am »
Арно си направил. Јас тотал користев десет години, и на кадетот и на двете пежоа. Добро масло, само мене не ми одговара пакувањето од 5л

Нели лубекс цело време си ставал во кадетот ? :D

Татко ми дотураше Лубекс повремено оти му беше најевтино, кога веќе престанаа да носат Ина Делта 5 кога почна да фрла по малку масло од семерингот. На Кадетот два пати му имав ставено само Тотал. Елфот ми остана во канта, ќе му го сменам овој викенд ќе му го бапнам тоа и ќе му го измешам со ЛМ МоС2

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #1474 на: 03 Септември 2013, 09:48:21 am »
Кој дел поточно..? Кажав дека кога надвор пече сонце на 40 степени, температурата на загреаност кај маслото многу побргу се постигнува, и ако имаш ставено масло што не е издржливо на високи температури, маслото согорува и се троши. Што е нејасно овде не разбрав...:)

Тоа што тебе не ти е јасно е што без разлика на надворешните температури температурата на ВОДАТА во моторот се загрева од 80 до 100 степени и останува во тој ранг. Температурата на маслото во картерот варира од 90 до 150 степени зависно од оптеретеноста на моторот и температурата на водата. При екстремни ситуации темепратурата на маслото не прминува 160 стпени. Сите масла се прават да бидат термостабилни при тие температури па и повеќе. Така да такво нешто како горење на маслото и испарување не постои (освен ако не согорува внатре во цилиндарот или ако гасови од цилиндарот не излегуваат низ кариките и да се мешаат со маслото во картерот па испаруваат па кога ќе го отвориш капачето за масло на загреан мотор гледаш пареа как оизлегува. Тоа башка може да биде и од вода/кондензација на влага).

Сега јасно ти е дека ако е надвор -50 па и +50 маслото нема да согорува освен во наведените ситуации? Ако не ти е кажи кој дел не го сфаќаш ќе ти го објаснам во детали.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #1475 на: 03 Септември 2013, 09:51:41 am »
Постои и друг тип на 'горење' на маслото, и тоа настанува од високите температури.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #1476 на: 03 Септември 2013, 09:52:47 am »
Од кои високи температури? ОД триење или од атмосферски причини?

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #1477 на: 03 Септември 2013, 09:57:48 am »
Високите температури на маслото како последица на високите температури на моторот. Маслото деградира при високи температури.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #1478 на: 03 Септември 2013, 09:59:08 am »
При колку високи температури? 150 степени температура на металот и маслото многу е? 200 степени? 300?

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #1479 на: 03 Септември 2013, 10:02:40 am »
Се што е над 120 е висока температура. 300 степени ќе го изори маслото во рок од 1 час.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #1480 на: 03 Септември 2013, 11:04:01 am »
^^ И ако е добро маслото, не само моторот. Неможе да ставиш некое тенко масло како ГМ на пример, и да возиш на 40 степени подолго време, да видиш дали нема да испарува и согорува. Многу е битно маслото да е издржливо на високи температури, бидејки кога надвор е пекол и во самиот мотор маслото е загреано и ако е лошо масло истото согорува и испарува. Мене тоа ми се случи со ГМ-то. 8v или 16v нема врска. Се работи само за верзија на моторот со 8 или 16 вентили, ништо повеќе. :)

Затоа се нудат масла со различна вискозност.

Високите температури на маслото како последица на високите температури на моторот. Маслото деградира при високи температури.

Again, имаш избор на масла со различна вискозност, токму од таа причина.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #1481 на: 03 Септември 2013, 11:10:38 am »
Се што е над 120 е висока температура. 300 степени ќе го изори маслото во рок од 1 час.
Не е така. 120 степени е нормална работна температура на маслото. Температурата на маслото  е некои 20-30 степени повисока од температурата на водата.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #1482 на: 03 Септември 2013, 12:08:49 pm »
Нормална работна температура на маслото е околу 80-100 степени. 120 степени може да постине при поголем и подолготраен напор.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #1483 на: 03 Септември 2013, 12:26:29 pm »
Кај мене до 120 е нормална температура на разладната течност.. на маслото колку сака нека е, дур го има.. :D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Filip_90

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1839
  • VW Golf 5 1.9 TDI
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #1484 на: 03 Септември 2013, 12:55:13 pm »
Кој дел поточно..? Кажав дека кога надвор пече сонце на 40 степени, температурата на загреаност кај маслото многу побргу се постигнува, и ако имаш ставено масло што не е издржливо на високи температури, маслото согорува и се троши. Што е нејасно овде не разбрав...:)



Сега јасно ти е дека ако е надвор -50 па и +50 маслото нема да согорува освен во наведените ситуации? Ако не ти е кажи кој дел не го сфаќаш ќе ти го објаснам во детали.
Незнам дали ке согорува, али не е исто да те ладат со -50 и со +50. На -50 би требало картерот, филтерот и останатите делови низ кои протекува маслото да се ладат побрзо отколку на +50. Вајда тоа сакаше да ти каже Dean