Јас не експериментирам, експериментирањата одамна ми завршија со масла (ќе користам Амсоил се додека имам желба и финансии да го набавувам, моторот работи најтивко од сите астри кои сум ги слушнал) , единствено ако би правел анализа да видам како е состојбата и ништо фазла. Мада и да правам било какви експериментирања со различни масла на ист мотор, за тоа и е темава отворена, нели? За размена на мислења? Ако не е така зошто тогаш се пишува и за возила со 1.0 мотор(немам ништо против) и со 3.5? Зошто има некој кој вози кола од 74та на форумов, без клима и слично, па не се плука? Како стигнала таа кола да се вози после 50 години? Со редовно одржување - едноставно е. Сакаме да ги забаталиме колите и да купуваме било што, па кога ќе се расипи да му ја "тупнеме" на некој друг, а се жалиме зошто се увезуваат и продаваат канти? Одговорот е во првиот дел од реченицата.
Спортски поздрав!