Сум возел и по полоши патишта, затоа се јаде, може да се вози со внимавање. Со бравото го возам тој дел 40-50 км/ч мах брзина.
Службената така малку побрзо
Реално Кичево-Охрид е полош, особено превој Пресека од двете страни и од Ботун до Подмоље.
Не сум знаел искрено. Ама од своја кожа знам, дека парно на макс, ја спушта температурата, а со изгасена кола заради страв.
Да, ама логички малку ако размислиш, хладњакот е дизајниран измегу да има празнини за да струи воздухот да се лади. Тоа е неговата функција, водата/антифризот внатре во него да се олади.
Ама таа оладена вода/антифриз за да го олади моторот, како ќе се врати назад во моторот кога моторот е изгасен, а со тоа и водната пумпа не врти бидејки таа се врти или од ребраст каиш или од клинестиот каиш за алтернаторот ?
Значи мора да работи, мора целиот антифриз да циркулира низ разладниот систем, од моторот, преку термостатот до хладњакот и одоздола од долното црево назад до водната пумпа.
Тоа е начинот на кој се лади моторот, затоа моторот мора да работи, тој во место согорува многу малку гориво чија топлотна енергија е помала од онаа што перката ќе го олади антифризот.
И затоа ќе се олади, малку поспоро, ама ќе се олади.