1.5l за 11.000км за таа кола е сосема пристојна, и дури и ниска потрошувачка. На TS моторите од еуро3 генерацијата (CF3) клиповите имаат потенки уљни карики, кои полесно се пунат со гареж и не ја вршат најдобро функцијата на „бришење“ на клиповите. И второ, немаат повратни дупчиња позади кариките за полесно да се враќа уљето во картер. Овие два да речам дизајнерски пропусти, влијае некои мотори да си цугаат по малце уљe. Некои кога прават ремонт, ставаат клипови и дихтунг од CF2 на кои му бушат дупчиња позади уљните карики, а некои само нови уљни карики и дупчиња. Двете решенија носат резултати.
Ако е све друго ок, не си го барај ѓаволот, и кантичка уљенце гепек. Сосема оке е 1.5л на 10.000км на тој мотор.