Барајќи што масло да земам за моторот (110cc, 4Т, wet clutch полуаутоматик, или нагалено Папаки

) налетав на темава и прочитав бајаги во последниве 2 дена и да ви кажам најискрено ептен се зачудив од состојбата со фалц масла кај нас

.
Јас имам Saxo бензин 1.1, 60KS, 2001 год. и многу не обрнував внимание на маслото. Од кога е купена колата до сега ставано е само Total, првично во овластениот сервис na Автонова а последниве неколку години купувам масло од Еуромпекс (Total 7000 10W-40). Колата не е возена многу, 35.000 км (ја зедов пред 6-7 години со 14.000 поминати од моја роднина која ја купи нова) и годишно правам до кај 4.000. Повеќе се вози во зима а масло менувам во Мај, на една година., масло не троши воопшто. Е сега прашањето е дали да продолжам со Тotal или дајте предлог за некое масло за кое горе доле се знае потеклото, односно увозникот (Fuchs, 77 Lubricants ...)
За моторот планирам да земам Repsol па ќе видиме како ќе се покаже, цените им се пристојни дури и поевтини од масла со сомнително поткло кои се носат кај нас.
Благодарам!