Отприлика лани на Симката се менуваше семеринг на радилица кај замаецот.
Лошо го наместиле пињонот од сајлата за километража...на излегување од сервис го дупна картерот од мостот, среќа виделе дека истекло маслото па го сопреле татко ми...
Купил уље за мењач sae90 gl5 од најблиска МП, по проспект за Симката треба sae90 gl4.
По извесно време, неколку пати возел на отворено и се спремаше да менува лагери на тркала, му бучела над 80км/ч, се сомневаше дека му ги престегнале.
Ми падна чудно, ја извадив на автопат, бучењето го снемуваше во лер, значи не беа лагери на тркала во прашање.
Да не должам, летово го сменивме уљето во мењач со некое уље sae85 но овој пат
gl4 . (додека се консултирав на форумов веќе купил)
Оттогаш беше возена од татко ми само низ град. Некни ми текна малку да ја прошетам

на автопат и да видам дали има некоја промена...
Бучењето го немаше!
Очигледно битно е дали ќе биде gl4 или gl5.