Сега гледам уствари што сум напишал, погрешно сум се изразил. Сакав да кажам дека знам две фирми кои директ увезуваат од фабрика со гаранција оригинал, со фактура и увозна декларација а не дека се фалсификати, но тоа се само увозници кои не продаваат во малопродажба.
Така да, има фирми кои увезуваат оригинално масло, со сета документација ама дали ќе и веруваш на фирмата дека оригиналот што го увезува е 100% од продажбата или 50%? Или 20%, тоест е само cover-up.
Ова е во склопот на муабетот зошто никој не се труди да докаже оригиналност. Прво, на кого ќе докажува, цела држава сме тролови. Некоја таква јавна декларација одма ќе кажат е фејк. А второ, во малопродажба се сомневам дека има некој што е чист и што продава само оригинално масло.