Автор Тема: Mobil, Total, Elf или какво масло ?  (Прочитано 2201403 пати)

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7365
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #7665 на: 05 Декември 2019, 21:16:39 pm »
Некој да не има останато castrol edge titanium 5-30 LL и да сака да направиме замена за пари? Ми требаат 2/300 мл да не купувам литар.

Стави му LUBEX од Макпетрол. Многу веројатно е дека е истото само у друго пакување.  :)

Мала шала, ќе проверам у подрум, ама и да имам ќе да е доста старо. Имам Мотул ако ти врши работа, вероватно е пак истото само у Мотул амбалажа :)

Отсутен vladimir_1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1189
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #7666 на: 12 Декември 2019, 22:36:44 pm »
Интересно видео за How well the engine oil protect the engine? Конкретно на линкот е за selenia WR 5W40, исто така има и табела од тестирањата на другите марки на масла


Присутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6693
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #7667 на: 13 Декември 2019, 07:56:57 am »
Овој тест според ниту еден параметар неможе да се земе меродавен во улогата на маслото на современ мотор, дали тоа е јасно? Многу експерти по јутуб искачаат со вакви глупи видеа упм.

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1924
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #7668 на: 13 Декември 2019, 09:20:24 am »
Дечки, едно време мислам дека Акома оил беа наведени како увозници на Мотул масло за Македонија на официјалната страна на Мотул.

Сега проверував и повеќе нема наведено увозник за Македонија. Имаат овие Акома направено некои мајмунлаци со арачинско масло или друга е причата?

Дали е паметно сега да се купи мотул или да тераме со други масла?
  www.malservis.mk - сѐ за твојот автомобил!

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6039
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #7669 на: 13 Декември 2019, 10:04:43 am »
Јас пред 2-3 години кога набавував од Пецони пишуваше некој Кавадаречки увозник.

Sent from my VTR-L09 using Tapatalk


Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7365
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #7670 на: 13 Декември 2019, 10:13:40 am »
Дечки, едно време мислам дека Акома оил беа наведени како увозници на Мотул масло за Македонија на официјалната страна на Мотул.

Сега проверував и повеќе нема наведено увозник за Македонија. Имаат овие Акома направено некои мајмунлаци со арачинско масло или друга е причата?

Дали е паметно сега да се купи мотул или да тераме со други масла?
Ја мислам дека е најдобро да се собереме од форум, да порачаме во буриња директно од фабрика и да поделиме уљето, не ја бива вака, више не знаеш кое е оригинал кое е фалц. Ама по се изгледа дека сите возиме ист бренд, веројатно некое чкљ полнето во некој подрум, ама во различна амбалажа.

Отсутен darkserial

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 796
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #7671 на: 13 Декември 2019, 11:12:42 am »
@AUUU Купувај само непопуларен бренд тука директно од увозникот, само така можеш да земеш нешто :)
А тоа дека ќе биде полошо од Castrol или некој друг бренд немора да значи, можеби за некоја мала нијанса.
Битно да ги има одобрено спецификациите од страна на производителите на автомобили.
VW Golf 5 1.9 TDI - 77kw - 2005

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7365
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #7672 на: 13 Декември 2019, 11:16:35 am »
@AUUU Купувај само непопуларен бренд тука директно од увозникот, само така можеш да земеш нешто :)
А тоа дека ќе биде полошо од Castrol или некој друг бренд немора да значи, можеби за некоја мала нијанса.
Битно да ги има одобрено спецификациите од страна на производителите на автомобили.
Знам, тоа и правам у последно време.

Вчера пак сменив уље, исто SWD Rheinol   Primus LLX 5w30. Прошлото беше супер.


Отсутен darkserial

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 796
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #7673 на: 13 Декември 2019, 11:22:35 am »
И Макпетрол почнале да го носат ова како што слушнав...
Уствари грешка, сега ми текна, Ravenol носат Макпетрол.. :)
VW Golf 5 1.9 TDI - 77kw - 2005

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7610
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #7674 на: 14 Декември 2019, 15:49:41 pm »
Ја мислам дека е најдобро да се собереме од форум, да порачаме во буриња директно од фабрика и да поделиме уљето, не ја бива вака, више не знаеш кое е оригинал кое е фалц. Ама по се изгледа дека сите возиме ист бренд, веројатно некое чкљ полнето во некој подрум, ама во различна амбалажа.

Јас со сигурност знам дека Фас Вас го носи уљето од фабрика во Италијa, Еуроимпекс носи Валволин од Холандија, АМГ Глобал носи Тотал од Белгија, Сири Тим носи Мидланд уље од Швајцарија. Сите овие се носат од брендирани фабрики од погоренаведените држави и треба да се 100% оригинал. Освен ако немаат и паралелен увоз, да речеме дел оригинал дел фалц. ;D :D

Доколку некој е сигурен за други брендови/увозници нека ја дополни листата.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20380
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #7675 на: 14 Декември 2019, 16:02:35 pm »
Некој да не има останато castrol edge titanium 5-30 LL и да сака да направиме замена за пари? Ми требаат 2/300 мл да не купувам литар.

Стави му LUBEX од Макпетрол. Многу веројатно е дека е истото само у друго пакување.  :)

Мала шала, ќе проверам у подрум, ама и да имам ќе да е доста старо. Имам Мотул ако ти врши работа, вероватно е пак истото само у Мотул амбалажа :)


Не сум видел дека си пишал, завршив работа купив литар. :D

Отсутен darkserial

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 796
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #7676 на: 14 Декември 2019, 16:35:15 pm »
@Спенсер Lukoil се исто 100% оригинал и немаат паралелен увоз :)
VW Golf 5 1.9 TDI - 77kw - 2005

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7365
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #7677 на: 14 Декември 2019, 16:57:05 pm »
Се мислев за Petronas од Фас Вас, само некако многу ми беше штура документацијата на сајтот на Петронас. Ќе се проба следниот пат.

Многу ми е чудно што сите зборат за фалц масло, а ниту еден бренд/дистрибутер/увозник не се ни обидува да го докаже потеклото. Зборам за познативе брендови, како да не им е битно тоа, изгледа си тера продажбата само на  име.

Акома оил ги нема на сајтот на Мотул,  а ги имаше порано, ама не им чуе ич. Епа извинете, наместо 700 ден/литар ќе си купам поефтино и помалку познато уље со познато потекло.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34462
  • Таков е животот... јебига
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #7678 на: 14 Декември 2019, 18:49:12 pm »
Многу ми е чудно што сите зборат за фалц масло, а ниту еден бренд/дистрибутер/увозник не се ни обидува да го докаже потеклото.

А што ќе се обиде да го докаже потеклото кога не може.


Шала на страна, што би било за тебе доказ? Ти врши работа увозна декларација и фактура од добавувач? Ќе му веруваш на добавувачот и дека документот не е фалсификат?

Ако ти кажам за две фирми за кои имам гледано вакви документи ќе ми веруваш ли? :)

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1924
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #7679 на: 14 Декември 2019, 20:03:57 pm »
Многу ми е чудно што сите зборат за фалц масло, а ниту еден бренд/дистрибутер/увозник не се ни обидува да го докаже потеклото.

А што ќе се обиде да го докаже потеклото кога не може.
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Шала на страна, што би било за тебе доказ? Ти врши работа увозна декларација и фактура од добавувач? Ќе му веруваш на добавувачот и дека документот не е фалсификат?

Ако ти кажам за две фирми за кои имам гледано вакви документи ќе ми веруваш ли? :)

Претпоставувам дури им правеше финансиска ревизија?! :D
  www.malservis.mk - сѐ за твојот автомобил!