во врска со производството на маслата на БП ( Арал, Кастрол и БП Виско) цел европски пазар се покрива од исти производствени линии. Источна Европа е многу мал дел во споредба на пр со германскиот пазар.
за источна европа нема посебни производствени линии и мислам дека се покрива преку Кастрол Австрија во Винер Нојдорф (во близина на Виена).
Многумина овде од вас забораваат дека да се произведе моторно масло пред се потребно е базно масло, а производители на базни масла се многу малку во светот. БП покрај ексонмобил е еден од големите играчи на пазарот со базни масла. така да , да се произведе масло со „полош“ квалитет треба да се употребат полоши базни масла и послаби адитиви што само по себе означува нов сетап и нова производствена линија. Значи котелот каде што ќе се мешаат базните масла со адитивите треба да биде означен како „македонски котел“ што е нон сенз бидејќи количината на годишно ниво е толку мала што дури и не е економски исплатливо.
Плус не треба да заборавите дека постојат независни лабори кој за многу ефтини пари можат да ја одредат хемиската содржина на маслото и дали маслото ги исполнува спецификациите што ги има кастрол официјално објавено кои се јавни. така да масло со понизок квалитет одма ќе може да се пронајде.
https://de.oelcheck.com/shop/home на овој начин многу лесно може да се докаже квалитетот на маслото то ест неговите хемиски компоненти дали е минерлано, пао естер и кој видови на адитиви се користат на пр дали има Бор, молибде, колку калциум, итн... на тој начин може без поголем проблем да се утврди квалитето на ново масло купено од германија, македонија и грција па доколку спектограмите се различни во тестот тоа ќе се види.
јас лично не верувам дека постои специјалн источно европски котел каде што со знаење на менаџментот се микса намерно полош квалитет за источниот пазар. не треба да заборавите дека од таканаречениот источен пазар скоро и ништо да не остана дека сите тие држави се веќе дел од ЕУ, а дека за босна србија и македонија ќе направат они посебен котел каде само за тој пазар ќе прават посебна линија тоа според мене апсурдно. мислам дека во кастрол ама апсолутно никој не се занимава сериозно со земји како мк бих и срб. да, ма официјални увозници кои ја набавуваат робата и тоа е тоа.
што после локално се случува во тие држави е друга приказна.
многу лесно може да се открие, анализа на свежо масло купено во мк во лабор во германија и споредба на специфакциите од касторл и ќе се знае...