Автор Тема: Mobil, Total, Elf или какво масло ?  (Прочитано 2250532 пати)

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5236
  • The Spartan General
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #6720 на: 29 Јуни 2018, 08:05:19 am »
...

Системот за ладење работи многу понапорно за да ја оддржува работната температура кога моторот согорува плин.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Volvo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 450
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #6721 на: 29 Јуни 2018, 09:36:44 am »
Каде во Македонија се продава оригинал Селенија масло (конкретно Selenia WR 5-40W) или предлог за во соседството, мада гледам дека во последно време во овластените форсираат Шел масла, благодарам

Јави се во Аутомобиле СК (Фиат) они се увозници за Селенија.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 45015
  • Il Moderatore
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #6722 на: 29 Јуни 2018, 09:51:14 am »
Не се јавувај во Аутомобиле СК, веројатно немаат, они коирстат Shell за сервис. Јави се во Фас-Вас, они се увозници за Selenia масла, и 100% го имаат WR.
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Volvo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 450
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #6723 на: 29 Јуни 2018, 10:01:01 am »
Користат и Shell точно, но имаат и Селениа дека се официјални увозници на тоа масло.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 45015
  • Il Moderatore
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #6724 на: 29 Јуни 2018, 10:11:14 am »
Користат и Shell точно, но имаат и Селениа дека се официјални увозници на тоа масло.
Мојата информација е дека не увезуваат селениа повеќе.
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34484
  • Таков е животот... јебига
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #6725 на: 29 Јуни 2018, 22:00:16 pm »
...

Системот за ладење работи многу понапорно за да ја оддржува работната температура кога моторот согорува плин.

Јас велам дека не е точно.
Температурата на согорување на плинот е повисока од таа на бензин не баш многу во нормални услови на експлоатација. Општо е познато дека издувните гасови не оддаваат голем процент од својата топлина на моторот, туку истата се исфрла надвор низ издувот. Разликата во согорувањето на бензин и плин нема големо влијание на општата температура на моторот. Да беше така нормалната работна температура на моторот ќе беше значително повисока одошто на бензин, што не е случај.

Системот за ладење не може да работи понапорно или порелаксирано. Системот за ладење на моторот ја циркулира течноста пропорционално со бројот на вртежи на моторот или малку побрзо/поспоро зависно дали пумпата е со прогресивен отпор или не, но ништо значајно. Перката кога врти врти само при температури кои наближуваат 100 степени.

Ако извршиш real time мониторинг на температурата на моторт на плин и бензин ќе видиш дека нема скоро никаква разлика во температурата на работење. Кон ова допринесува и самиот факт дека конверзијата на состојбата на плинот од течна во гасовита одзема многу топлина од течноста за ладење, да речам просто ја лади. Така да плинскиот систем дополнително го лади моторот. Крајниот резултат е нема никаква разлика во температурата на моторот при работа на плин и бензин.

Можеби има една мала разлика, чиј ефект не знам колку е мерлив, но секако можно е да влијае на маслото во мали интензитети а тоа е кога клипот оди нагоре, маслената карика распределува тенок слој на масло врз ѕидот на цилиндерот. Кога се симнува клипот надолу маслената карика треба да го спушти и маслото со себе при тоа подмачкувајќи се себе си. Ако маслената карика е изедена и при тоа остава добра количина на масло во цилиндарот, при експлозија тоа масло може или да согори или да остане хемиски стабилно. При работа на плин и при големи оптеретувања на моторот, ако маслото е неквалитетно истото во тој момент може да согори и да создаде пепел или гареж. Со следното фвижење на клипот тој пепел/гареж може да се измеша со остатокот од маслото и да го контаминира истото, анрушувајќи му ги карактеристиите.
« Последно менување: 29 Јуни 2018, 22:12:49 pm Tischläufer »

Отсутен Tesla

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1444
  • Eбач на батерии :D
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #6726 на: 29 Јуни 2018, 22:45:44 pm »
Има ли некој хондаш тука.
Хонда 2.0 тд со 195.000км.
Која марка и модел (:D) на 10w40 уље да се купи.
Д'г ж'т в'к п'н б'и - Долг жолт волк полн болви.

Zenu dupe krasi a tortu orasi.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 45015
  • Il Moderatore
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #6727 на: 29 Јуни 2018, 22:46:21 pm »
Liqui Moly Од тоа 1450 денари за 5л :P
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34484
  • Таков е животот... јебига
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #6728 на: 29 Јуни 2018, 22:50:25 pm »
Мотул, „најбоља десет-четериска у свет“

Отсутен Tesla

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1444
  • Eбач на батерии :D
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #6729 на: 29 Јуни 2018, 22:55:37 pm »
Liqui Moly Од тоа 1450 денари за 5л :P

То се керамики и полири, восоци внатре? Наин, данкешон. :D  Тука прочитав дека се користи за стари и дотрајани машани. Дизел е, штрака, ама не е дотрајан. :D

Данкешон
Мотул, „најбоља десет-четериска у свет“

Која поточно. Гледав има 6100, 2100,. А не се разбирам искрено.


Данкешон
Д'г ж'т в'к п'н б'и - Долг жолт волк полн болви.

Zenu dupe krasi a tortu orasi.

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4073
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #6730 на: 29 Јуни 2018, 23:01:35 pm »
6100 канта од 5л 2350 кај бапчот во автокоманда

Sent from my FIG-LX1 using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7614
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #6731 на: 01 Јули 2018, 11:59:03 am »
Момци за голф 4 1.4 бензин, која градација на уље..  240.000км ? На повеќе км знам се ставаше друга градација него стандардната..

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6693
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #6732 на: 01 Јули 2018, 13:09:17 pm »
...

Системот за ладење работи многу понапорно за да ја оддржува работната температура кога моторот согорува плин.

Јас велам дека не е точно.
Температурата на согорување на плинот е повисока од таа на бензин не баш многу во нормални услови на експлоатација. Општо е познато дека издувните гасови не оддаваат голем процент од својата топлина на моторот, туку истата се исфрла надвор низ издувот. Разликата во согорувањето на бензин и плин нема големо влијание на општата температура на моторот. Да беше така нормалната работна температура на моторот ќе беше значително повисока одошто на бензин, што не е случај.

Системот за ладење не може да работи понапорно или порелаксирано. Системот за ладење на моторот ја циркулира течноста пропорционално со бројот на вртежи на моторот или малку побрзо/поспоро зависно дали пумпата е со прогресивен отпор или не, но ништо значајно. Перката кога врти врти само при температури кои наближуваат 100 степени.

Ако извршиш real time мониторинг на температурата на моторт на плин и бензин ќе видиш дека нема скоро никаква разлика во температурата на работење. Кон ова допринесува и самиот факт дека конверзијата на состојбата на плинот од течна во гасовита одзема многу топлина од течноста за ладење, да речам просто ја лади. Така да плинскиот систем дополнително го лади моторот. Крајниот резултат е нема никаква разлика во температурата на моторот при работа на плин и бензин.

Можеби има една мала разлика, чиј ефект не знам колку е мерлив, но секако можно е да влијае на маслото во мали интензитети а тоа е кога клипот оди нагоре, маслената карика распределува тенок слој на масло врз ѕидот на цилиндерот. Кога се симнува клипот надолу маслената карика треба да го спушти и маслото со себе при тоа подмачкувајќи се себе си. Ако маслената карика е изедена и при тоа остава добра количина на масло во цилиндарот, при експлозија тоа масло може или да согори или да остане хемиски стабилно. При работа на плин и при големи оптеретувања на моторот, ако маслото е неквалитетно истото во тој момент може да согори и да создаде пепел или гареж. Со следното фвижење на клипот тој пепел/гареж може да се измеша со остатокот од маслото и да го контаминира истото, анрушувајќи му ги карактеристиите.
Какви заклучоци си носиш од зборови истресени од ракав човечееее  :D
Еве што вика Мотул и останати произведувачи на уље. https://oilgroupbg.com/pdf/motul/motul-specific-cng-lpg-5w40.pdf

Конкретно,

Цитат
The 100% synthetic base stock improves the level of lubrication and provides huge resistance to high
temperatures generated in the engine by CNG or LPG combustion

Отсутен Roci

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3912
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #6733 на: 01 Јули 2018, 13:17:34 pm »
Момци за голф 4 1.4 бензин, која градација на уље..  240.000км ? На повеќе км знам се ставаше друга градација него стандардната..
10w-40 a ulje odberi si vo zavisnost od budzetot  ;D

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5236
  • The Spartan General
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #6734 на: 01 Јули 2018, 13:20:49 pm »
...

Овие се мои размислувања и логика како лаик во овие работи. Не знам дали е точно, но според моите познавања ми изгледа логично. Некој друг што разбира повеќе, може слободно да ме исправие каде грешам.

Тоа што си напишал е како работи принципот на ладење на мотор со внатрешно согорување и дека системот за ладење никако не се напрега затоа што е механички сврзан со радалицата и ја циркулира разладната течност пропорционално со бројот на вртежи на моторот и дека перката врти само на високи температури на разладната течност.

Прво, плинот има пониска калорична вредност, се запалува една идеја побавно и поради тој процес создава екстра топлина (некаде околу 800 степени, додека бензинот гори околу 600степени).  Поради неговата пониска калорична вредност за да има колата сразмерна сила како кога вози на бензин, најголем дел од вбризгувањата на плин количински се околу 10-15% повеќе отколку на бензин. Процентуалната ефикаснонст на еден мотор со внатрешно согорување е околу 30тина проценти. Другата енергија од согорувањето во најголем дел се исфрла како топлинска енергија. Со други зборови, повеќе гориво кое согорува во цилиндрите е еднакво на повеќе топлинска енергија која треба да ја снема по најбрз можен начин од цилиндрите.

Е сега, блокот и главата се легури и композитни материјали кои имаат термичка стабилност и се отпорни на најразлични деформации предизвикани од топлина, мораат таа топлина (+ екстра топлината од дополнителното гориво) генерирана од согорувањето  да ја предадат на разладната течност што кружи низ нив, на маслото што кружи низ нив, на воздухот што го опкружува моторот, и на сите надворешни метални делови кои се физички сврзани со блокот и главата на моторот. Но, станува збор за топлинска енергија што има повисока темепратура (+200 степени) и поголема количина. Од друга страна моторот е изолиран од сите страни за да биде во колку толку стабилна околина за да оддржува работна температура без да има топлински губитоци. Но тоа е пресметано за кога работи на бензин, а не на плин. Плус, самата издувна грана/издув е таа што делува како греач и ја подигнува амбиенталната температура во кошот кадешто е сместен моторот. Сепак, пожешка е за 200 степени во простор кој е со волумен од 1 кубен метар. Таа повисока амбиентна температура има голем ефект кој влијае на ефикасноста на самата перка која го лади радијаторот/ладилникот, и ако возилото има клима големо влијание и врз клима радијаторчето. Е сега, дали перката е со вискозно поврзување, или е електрична со многу брзини, секогаш ќе работи во повисок пренос (и повеќе вртежи) за да ја оддржува разладната течност на температура од 90-100 степени (зависи која е работната температура). Зголемена амбиентална температура и екстра топлинска енергија на согорување значи зголемена температура на сите компоненти во моторот и наместо да се ослободуваат од таа енергија со тек на време тие стануваат како акумулатори на топлина. Од друга страна потопол амбиент значи и потопол воздух, што е еднакво на пореток воздух и во превод значи помалку кислород. Ако возилото нема турбо/компресор и интеркулер е уште поголем проблем затоа што тогаш имаш уште повеќе топлина заради шашаво согорување.

Второ, самото моторно масло мора да лади внатрешни компоненти кои се изложени на повисока температура. Ако нема вградено ладилниче за масло (или со разменувач на топлина со разладна течност, или со воздушно ладење), маслото се лади со пренесување на топлинската енергија во блокот на моторот. Но, таму веќе има покачена амбиентална температура поради потоплото согорување/издувуање на плинот. Ако има воздушно ладилниче за масло, тоа не работи оптимално, затоа што нели, има повисока амбиентална температура. Ако има ладилниче за масло со разладна енергија, тоа ќе придонесува дополнителена работа на перката/ладилникот за да ја извади топлината од самото масло (во превод перката работи на повисок степен) Ако земеш да ја пржиш на плин до ограничувач на некој автопат/патека/штоидае во продолжение од стотици километри, колата пак ќе биде во границите на работна температура и теоретски не треба да и биде ништо. Ама во реалноста не е така ни на бензин, а камоли на плин.

Трето, зошто горат вентили кога се вози на плин? Ако е исто како на бензин, зошто многу коли имаат капалки и се осетливи на таков тип на алтернативни горива. Едноставно самите легури од кои се изработени компонентите не издржуваат такви повисоки температури и нема начин да останат стабилни, недеформирани, и нема физички можности таа екстра топлина да ја предадат на воздух/амбиент/разладна течност.

Инаку да, во процесот на преминување од течна во гасовита состојба на плинот, ја лади разладната течност. Ако возиш динамично или држиш темпо, дали тоа ладење на разладната течност е доволна за да компензира за страничниот ефект на повеќе топлинска енергија од согорувањето на плин.

Тоа е накратко зошто јас мислам дека плинскиот систем го намалува животниот век на моторот со тоа што го тера да работи на повисока температура, и системот за ладење мора да работи екстра за да го оддржува моторот во работна температура. Овој пост нема намера да одврати некој од користење на плин како гориво. Јас мислам дека треба да се користи како погонско гориво, ама самиот мотор да биде специјално дизајниран за него (а не да се изведуваат самонаправени гимнастики и после цацко е крив).



Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.