Негде на фб видов на промоција мотул 5 40 за 2200 денари, само незнам каде
Што е разликата мегу 5w40 и 10w40 минатиот сервис 5w40 ставив што ако му ставам 10 40 кке има некоја разлика? Ке му смета на моторот?
Sent from my FIG-LX1 using Tapatalk
imho, градацијата зависи од препораката на производителот ( додека автомобилот е нов па се до да речеме 250.000км). После тоа, мислам дека е убаво да се оди со малку поголема густина, да речеме ако препорачано било 5W30, 10W40 би била во ред да се користи. Поретко масло од препорачаното не би препорачал во ниту еден случај. Едино ако не зафати некоја многу ладна зима со температури под -25 степени, па да влијае некако 0W30 во однос на 5W30.
Како и да е, за високотуражни бензинци, доколку често се туражира автомобилот, препорачувам 100% синтетичко масло од Motul, 5W40 / 10W50.
За дисел моторите препорачувам да се возат домаќински, онака како што се замислени и да се користи масло кое според спецификацијата одговара на моторот, односно, ако има DPF/FAP да се користи соодветно масло за да не дојде до предвремено затнување на тие филтри. Нивната замена е скапа. Исто така, маслото влијае и на катализаторот, така да , во секој случај, покрај градацијата, битно е да се обрне внимание и на спецификацијата/сертификацијата. Турбо дизелите се особено деликатни кога станува збор за маслото, така да за нив е битно да се користи 100% синтетичко масло и да се менува почесто (споредено со бензинците). Бензинците на плин се најпријателски кон маслото. Бензинот реагира со маслото па така го деградира постепено, а пак дизелот го загадува енормно многу. Така да, долги интервали на замена би препорачал само на возила на плин, додека во другите сличаи што пократок интервал на замена, тоа подобро.Во спротивно пости зголемен ризик да се оштети турбината или настане зголемено абење на деловите.
И секако, препорачувам после секое "бесно" возење, да се повози уште неколку километри без особено оптеретување на автомобилот/моторот/дисковите, со тоа ќе се дозволи да се намали температурата на моторот, трансмисијата и дисковите.
Мислам дека горе-долу опфатив некои работи кои те интересираа.