Автор Тема: Mobil, Total, Elf или какво масло ?  (Прочитано 2250759 пати)

Отсутен masterficx

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 482
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #6675 на: 10 Јуни 2018, 01:21:44 am »
На шо кола ?
Cheap + Reliable = Not Fast
Fast + Cheap = Not Reliable
Reliable + Fast = Not Cheap

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34484
  • Таков е животот... јебига
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #6676 на: 10 Јуни 2018, 01:32:56 am »
1.5 dci 106

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #6677 на: 13 Јуни 2018, 21:09:07 pm »
Да споделам искуство со моторно масло Кастрол купено кај нас.......

Пред скоро месец дена правев редовен сервис кај Митревски, промена на масло во мотор и сите филтри. Претходниот сервис, исто така кај него, кој беше пред 10000км јас си ги имав набавено деловите од Германија (@Luki Junior). Овој сервис решив да пробам со делови од кај нас, филтрите мање више битни, повеќе ми беше за моторното масло Кастрол. Кога го договаравме сервисот со Митревски човекот рече дека Кастролот го набавува од Крис и Том и дека става исклучиво од тој и дека досега никој не се пожалил.

Со претходни сознанија дека кај нас преовладува фалц масло Кастрол односно многу тешко е да се најде оригинал Кастрол и со огромна доза на скептицизам, свесно решив да експериментирам и да му дадам шанса на Кастролот купен од МК со соодветните спецификации за моторот. Одма после сервисот приметив дека моторот не ми работи како претходно односно се слушаше некое дополнително "клокотење" што страшно ме нервираше, нешто кое претходно го немаше. Првин си помислив дека е субјективно и дека ќе го снема. Претходно, колата кога работеше во место воопшто и да не се слушаше дека работи а после промената на маслото се слушаше многу побучно. Друго што приметив во гаража е дека мирисот од издувните гасови беше поинтензивен и променет, нешто што претходно го немаше, промена на боја не приметив. Знаев дека гарант е до маслото а за да бидам сигурен си се поплачав на @zlatkoa (фала за советите и одвоеното време). Бидејќи имав неколку патувања до Софија и Скопје решив да го истестирам да видам дали аномалиите кои ги приметив ќе ги снема. Дополнително приметив дека турбото работи многу побучно а звукот (зуењето) кое претходно го даваше и беше пријатно за слушашње сега воопшто го немаше.

После извозени 1400км и никаква промена на подобро денеска си купив оригинал масло Кастрол од Порше, во туби од 1л и филтер за масло и истите ги сменив кај Митревски. После промената разликата беше огромна односно се се врати на старо. Моторот преде, турбото зуи како бумбар :) мераци. На Митревски не му правев рекламација бидејќи и он не може да знае што се продава кај нас, човекот првин не сакаше да прифати дека е до маслото ама го замени без збор дури и ме пушти преку ред за да се заврши работата.

Да не бидам погрешно разбран би сакал да прецизирам некои работи. Пошто сите сме различни тука со различни ставови во дискусиите, некои од нас ќе речат дека нема разлика при промена на различни видови на масла. Јас точно знам како ми работи моторот и во возење и во место и веднаш при промената приметив разлика. Исто така, да не испадне дека го оцрнувам Митревски, напротив кај него нема ништо спорно, имав опција сам да си донесам делови или од кај него, јас избрав од кај него т.е Кастрол купен од МК а денеска вонредно, без претходна најава ми заврши работа. За другите делови што се продаваат во Крис и Том не можам да коментирам но за Кастролот тврдам дека не е оригинал или не е со ист квалитет како германскиот или тој од Порше, исто германски. Ако не друго барем не е ист за мојата кола. Инаку, за тие што не знаат се работи за Голф 7 1.2 ТСИ.

Споделувам сопствено искуство на база на лични согледувања, без никаква интенција за намерно оцрнување на било кого а во интерес на дискусијата која е водена во повеќе наврати претходно, особено за Кастролот кај нас. Следниот сервис пак ќе биде кај Митревски само со Кастрол строго од Германија или Порше. Кастрол купен во МК веќе никогаш па ни тогаш не.

Се извинувам за магистерскиот труд :)
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен 386ka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 928
  • Am386 DX/DXL-40
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #6678 на: 13 Јуни 2018, 21:20:37 pm »
Дали некој со вакво искуство би сакал да поднесе претставка пред Државен пазарен инспекторат?

Отсутен brm brm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2654
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #6679 на: 13 Јуни 2018, 21:58:39 pm »
А Кастрол од Бис Оил?

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #6680 на: 13 Јуни 2018, 21:58:53 pm »
Имам позитивно искуство со ДПИ, но само во однос на брзината на реакција, и извршениот притисок за во понатамошната битка поинаку да се гледа на мене...

Крајниот исход, по интервенцијата на ДПИ, беше неповолен бидејки "тие" знаеја како да се заштитат, односно да бидат чисти пред законот и навидум се да е по пропис.

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #6681 на: 13 Јуни 2018, 22:00:02 pm »
Дали некој со вакво искуство би сакал да поднесе претставка пред Државен пазарен инспекторат?

Граѓанска должност и обврска е да се пријави ама во некоја нормална држава, кај нас е само залудно изгубено време бидејќи институциите не функционираат во интерес на граѓаните. Зборам од лично искуство. Јас одамна изгубив доверба во нашите институции, вклучувајќи го и ДПИ и ДСИ. После едно такво губење време со нив увидов дека граѓанинот е само мала риба во морето со ајкули а овие и на нив слични работат во интерес на големите риби.

Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34484
  • Таков е животот... јебига
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #6682 на: 13 Јуни 2018, 22:33:02 pm »
Па у Порше кастролот не е оригинал, кажуваа луѓе... Како тоа кај тебе работи убаво? Башка кај најде клокотење кај 1.2 моторит? Тој не се слуша во ниеден режим.,

Отсутен marmlad

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4222
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #6683 на: 13 Јуни 2018, 22:39:09 pm »
Кантичките од 1Л се оригинал и се многу скапи. Веројатно и тоа од буре е оригинал...

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #6684 на: 13 Јуни 2018, 22:53:06 pm »
Миле не паламуди :) Ти да знаеше што е добро ќе возеше бензин и немаше да се ебаваш со нафтата од Лукоил :) 

Тубите од литро стигаат од Германија, бурињата од БисОил, таква инсајдерска информација имам. Ако мене ме лажеле ве лажам и вас. Затоа тубите се поскапи, затоа земав од нив.

Не се прај мангуп ти имаш проблем со ушите и не можеш да приметиш хеликоптер над глава да ти брмчи па тука мене ќе ми кажуваш за моторот како ми работел ебате беља :)
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6693
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #6685 на: 14 Јуни 2018, 07:39:35 am »
Незнам за 1.2 ама 1.4 си штрака прилично гласно од надвор, внатре ништо не се слуша. А ова во врска со уљево што да кажам, резил невиден. И сигурен сум дека ако си ја знаеш машината многу лесно можеш да приметиш дали има некаква разлика. Си требал да видиш дали има и некаква драстична промена на температурата на уље при нормално возење со фалц маслото.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34484
  • Таков е животот... јебига
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #6686 на: 14 Јуни 2018, 07:42:24 am »
Миле не паламуди :) Ти да знаеше што е добро ќе возеше бензин и немаше да се ебаваш со нафтата од Лукоил :) 

Тубите од литро стигаат од Германија, бурињата од БисОил, таква инсајдерска информација имам. Ако мене ме лажеле ве лажам и вас. Затоа тубите се поскапи, затоа земав од нив.

Не се прај мангуп ти имаш проблем со ушите и не можеш да приметиш хеликоптер над глава да ти брмчи па тука мене ќе ми кажуваш за моторот како ми работел ебате беља :)

Хахаха, немам проблем со ушите веќе бе.
Ај дизел да беше, ама 1.2 му клокотел... Дупнат ти е ауспухот некаде ;D

Отсутен darkserial

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 796
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #6687 на: 14 Јуни 2018, 09:10:02 am »
А Кастрол од Бис Оил?
Нешто потслушнав дека пред некое време им беше земена лиценцата за Castrol, па потоа вратена? Незнам колку е вистина. :)
VW Golf 5 1.9 TDI - 77kw - 2005

Отсутен Dickle

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 94
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #6688 на: 14 Јуни 2018, 12:05:18 pm »
И колку пари е литро кастрол у порше?

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #6689 на: 14 Јуни 2018, 12:13:17 pm »
Дупло од Германија.

1100 динари (со вклучен ДДВ). Епа чорба.
Brains are awesome. I wish everybody had one.