Kako zaklucuvate sto e original a sto ne?
По работата на моторот и по потрошувачката на масло од истиот тип на масло, а и густина, боја и сл.
Инаку, пред месец-два дена, еден мој другар купи масло од една позната продавница од тука и ги споредивме двете масла (Castrol 5w-30 Titanium FST LL, VW 504/507) со моето купено од Германија.
Разлика имаше во бојата, моето за нијанса потемно и во густината, моето беше погусто.
Негов другар ставил од истото мк масло на Audi A5, турбото после 300км почнало да свири како млазен авион, па одма го сменил со странско масло т.е тврди дека Castrol-от што го зел е 100% неоригинал, па така и дојде до споредбата со моето.
Претходно користев Aral, ми потроши некаде 1л на 3-4000км, што е прилично многу и свиреше турбото. Кога го ставив Германсково, ми троши некаде 100-300мл на 10-12000км и престана да свири турбото.
Од истото масло му дадов на еден мој пријател со VW Sharan, исто кај него претходно со мк масло трошеше многу,,, со германсково масло исто многу малку масло му потроши и моторот работи како бензин, совршен звук, го нема тропањето како класичен дизел.
Тој ставил и во официјален тука, вика океј е ова од официјален, само германското досега најдобро.
Е сега, што прават, како прават, тоа незнам... Од мое искуство не би ризикувал да купам од тука, можеби некој носи оригинал не велам НЕ, ама има многу што носат неоригинали.