Токму затоа барам мислење од некој кој се разбира повеќе од мене. Инаку, да, скептичен сум но можеби без причина. Никогаш не речи никогаш.
Пред повеќе години ми падна во раце дел од документарец, за проект за кола со некаков електромагнетен погон развиван од, не се сеќавам која фирма од автоиндустрија, како посебно одделение.
Сведочеа учесници во проектот, кои тврдеа дека проектот бил запрен под притисок на остатокот од автоиндустријата и нафтените гиганти. Тука гледам логика, но повторно сум скептичен.
Поентата ми е, и да има револуционерен исчекор во некое поле, ако не им одговара на големи играчи, ќе се најде некаков начин да се угуши, девалвира, антирекламира и слично.
Никола Тесла е сличен пример кој сепак се изборил некако.