@zeroSignal @zlatkoa @Luki Junior @vlatko.klp
Еве update од денес:
Сменето уље, ставена пак на дијагностика и мајсторот вика дека една дизна отишла..... покажува 1.6, а треба 0.5....
Моторот кај мене е со ознака CAYC, 1.6 TDI 77KW, ознака на дизна е 03L130277B, производител SIEMENS. Цена на ново 500 еур/ком.
Primary Injector Part Number: 03L130277B
Injector Manufacturers Applicable Part Number(s):
5WS40539
A2C59513554
Ако некој знае дали репарираат кај нас нека пише, наводно во Германија ги репарирале, ама ако знае Луки, нека помага.
Иначе има recall од VW ама тоа е само за возила под гаранција, не верувам дека порше би признале...
Ако има официјален recall би требало на сите да сменат надвор од гарантен рок бесплатно.
recall = грешка на производителот или ОЕМ добавувачот во текот на производство или која што мора да се отстрани кај крајниот потрошувач на сметка на производител.
Еве што вика према VIN
Него админ можеш да преместиш у друга тема...(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
@AUUU Причинителот на проблемот за нафта во маслото е DPF филтерот.
DPF филтерот e затнат до тоа ниво што регенерацијата не е успешна, и затоа толку често ти влагал во циклус на регенрација.
Проблемот со дизната е можеби мал дел од целиот проблем.
Репарирај ги дизните, ама посвети се да причината која што го предизвикала затнувањето на DPF филтерот.
Уште една работа која што малку ме "јаде" е тоа што возилото е возено одреден период со нафта во маслото. Директни последици нема да се јават одма, ама ќе има понатаму.
Ако планираш да го задржиш возилото долго време и да го возиш уште ептен ептен многу километри, стегни заби купи си оргинални дизни, па макар и на рати да ги отплаќаш, репарираните ќе бркаат работа нема никаков збор за тоа, но ќе покажат аномалии многу побргу.
Еден пријател правеше хемиско чистење на ДПФ филтер тука во Скопје на ТДИ 2.7 во Ауди, ќе го прашам каде и колку го чинело и ќе ги пишам.
Јас не би го вадел ДПФ филтерот се додека имам опции да го вратам во живот. Па и да е затнат скроз би го заменил повторно со нов (не мора да е ОЕМ) ама не би возел без него.
Од искуство со неколку ТДИ возила кои ги имале сличните проблеми, секогаш кога ДПФ филтерот ќе помине низ неколку нецелосни регенерации ЕКУ-то влегува во limp mode и не дава да кренеш повеќе од 2300 вртежи. Во сите случаи кога се има ова случено, возилата биле со речиси скроз затнат ДПФ филтер, односно самиот компјутер донел "одлука" дека не ја бива веќе работата и за да го заштити моторот (од проблемот што ти се случил тебе со маслото) го ограничил моторот на 2300 вртежи максимум.
Кај тебе овој дел од логичката операција во ЕКУ-то не се извршил, најверојатно заради некој шашав параметар од сензор или заради тоа што ДПФ-то сеуште има живот во него.