@zeroSignal @zlatkoa @Luki Junior @vlatko.klp Фала на одговорите другари... Сега бев до кај Аутотек и ја ставија на дијагностика и не појавува никаква грешка, ДПФ има направено регенерација пред 230км, која траела 4 саати, така пишува.
Нивото на масло е 1цм над горната граница, а сигурен сум дека нема ставено повеќе масло при менување, го проверував и си беше ОК. Маслото е доста разредено, така да веројатно има нафта у него. Секако ќе се носи на мајстор и очекувам се провери што е точно причината за ова.
Е сега прво денес ќе појдам да сменам уље и филтер, а за утре забајле закажав за вадење на ДПФ-от. Кај мене ЕГР е изваден уште пред 1 година и немаше никаков проблем, ама во последно време зачестија регенарациите, скоро на секои 3 недели. Секако со вадењето на ДПФ ќе се стави и нова мапа на ECU-то.
За температурата на маслото, во лето на +35°С не креваше повеќе од 109°С на плетвар со поштено газење.
Се надевам дека е до ДПФ-от и дека не е нешто посериозно како дизни, тандем пумпа или нешто трето од она што читав по нет.