Сега да проверам уље и некако многу чудно изгледа, а само 5.000 поминав.
А уште почудно е што цела шипка е мокра .. исто приметив вчера на отворен пат на 15°C и на 140 km/h ми идеше температурата на уљето и до 112°C на велешко брдо, а на вода не се мрдна од 90°С.
Еве како изгледа на марамче хартиено, како да е повеќе вода него уље или ми се чини.
Се работи за Motul 5w-40 xclean и за 1.6ТДИ.


Update: Сега се симнав и уљето е многу ретко, изгледа има измешано уље и нафта, најверојатно поради ДПФот. Така да утре прво иде да се вади дпфот и после да се стави одма ново уље и филтер.
Иначе нивото на уљето е дефинитвно над максимум....
Ај да се надевам дека не е и нешто друго заебано. Антифризот изгледа ОК, нема уље у него.
На сликата, горе е уљето од кола, а доле е истото уље од кантичката, ново, за споредба
