Јас имам прашање до поупатените
Користам Тотал 7000. Денес случајно додека барав сијаличка во Ѓорче, го најдов 5 литарското за 1300 денари. Имам видено во Бренд во Кисела вода за 1400. Во 99% од другите авто делови е 1600, како фиксна цена да има.
Зборев со еден од продавачите кај што беше 1600, му викам " Абе кај комшијана два дуќана до тебе е 1300" и ми вика дека 1600 мора да е, доаѓала контрола и проверувала дали е таа цена(1600), а тие поефтините може да се носени од Косово, и вика може затоа е поефтино (али само нагаѓаше).
Ме интересира, како може да се познае дали е оргинално уљето? По место на производство/пакување? Треба набрзо да го менувам, па се мислам да го земам тоа од 1300(сепак 3000 денари поефтино
), ама како да познаам дали е фалсификат?