Ставаш колата на дијагностика (ладна, загреана, у лето, зима ...) и пратиш параметри (особено притисокот). Слушаш работа на моторот (ланче, вентили..., вибрации на моторот (ладна, загреана...), мериш потрошувачка на маслото на одреден број километри и тн.
Кола која работи без проблем нема потреба да се става на дијагностика...Ова ми личи на моментот како ке ми работи телевизорот ако го уклучувам на штекери на различна фаза а притоа да гледам на осцилоскоп како му се менуваат параметрите во напојувањето. Чисто за споредба го давам примеров...
Па секој од нас си има своја методологија или изграден осет. Првин треба да знаеш како диши моторот, од 900 до 5000 (6000 вртежи за бензинец). Па кога ќе смениш масло дали ќе осетиш некаква разлика во вид на променета работа на моторот и вибрациим, треба да можеш да слушнеш звуци во моторот што не постоеле. Огромен број од возачите нема никогаш да осетат ништо, или мислат дека нешто приметуваат, или повторуваат по други. Начјесто ова последното.
Вториот критериум е потрошувачката на масло. Колку ќе потроши во интервалот во кој вообичаено возиш.
Третиот критериум е брзината на гасење на ламбата за притисок на масло. Исто така добро извежбано уво ќе сети кога маслото направило еден круг низ моторот. Потоа како реагира на гаста во првите минути од работата на ладен мотор.
Четврт критериум е како маслото се однесува на високи температури во лето на планина, какви звуци произведува моторот на загреано масло? Ова ги одредува карактеристиките на маслото при висока температура.
Првиот критериум е безвезен, да не ке земеш слушалка и ке падавичариш по моторот?
Дај жити све.
Вториот критериум е веќе параметар кој може да го увидиш и да е параметар по кој ке можеш да утврдиш дали маслото го или не го бива.
Третиот критериум - Ова можда важеше за 101, пошто он имаше сијалички за притисок (PRESS) и генератор (GEN)
Четвртиот критериум е делимичен, пошто сум сигурен дека во лето на загреан мотор и висока температура може да чуеш вентили, но истото можеш да го чуеш и доколку имаш добро масло а лошо гориво. И до што е проблемот? Горивото или маслото?
Тврдам дека повеќето %, ако не и најмногу се ради сугестија.
Ако CAR CLUB е способен да се направи едно тестирање, ете ке се одберат членови кои кажуваат дека има подобрување, или влошување на работата на моторот, ако треба сите членови ке направиме акција за собирање средства за маслата, да тестираат масла на нивните возила од различни производители и различни градации. Со тоа што нема да знаат какво масло возат и со која градација. Ке знаат само дека има заменето масло. Е сега дали ке го возат недела дена, две или месец, може повторно да се дискутира...
На пример 5 членови ке тестираат масла, ке запишуваат од осет и тоа како им дишат возилата импресии секој пат на ладно, при возење и на топло, и на крајот ке видиме дали навистина има некакво поклопување или пак е она јас што го тврдам - сугестија.
Сте спремни за една ваква акција?