Автор Тема: Mobil, Total, Elf или какво масло ?  (Прочитано 1750605 пати)

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5898
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #10800 на: 27 Јули 2024, 16:24:47 pm »
Ух, денес како ја измалтретирав астрата...
Мислев ќе прегрее, ме затера навигацијата по буквално козјо патче, со голем успон (цело време како на Плетвар да возиш) и тешки кривини, непрегледност, итн, цели 20км со прва брзина, ретко втора и трета. 80% од времето не можеше да се крене повеќе од 20 км/ч. Температурата максимум дојде на 90.
Amsoil XL Boosted 10W-40 користам. 1000км после сервис немам заприметено да потрошила нешто.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #10801 на: 27 Јули 2024, 16:38:25 pm »
Иди од Струмица према Берово патот, ама од струмичка страна, да видиш 10тина километри константен успон од 10 до 15% со кривини без правци колку е захтевен тој превој за искачување.

Службениот рапид таму до 105-107 степени крева температура.

Не се потресувај за нешто што нема проблем, си имаш перка ќе си олади. Ако потоа немаш удолнина за да се олади антифризот, ке ја оставиш запалена колата во место да работи додека врти перката и ќе се олади моторот.

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1000
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #10802 на: 27 Јули 2024, 16:44:02 pm »
Иди од Струмица према Берово патот, ама од струмичка страна, да видиш 10тина километри константен успон од 10 до 15% со кривини без правци колку е захтевен тој превој за искачување.

Службениот рапид таму до 105-107 степени крева температура.

Не се потресувај за нешто што нема проблем, си имаш перка ќе си олади. Ако потоа немаш удолнина за да се олади антифризот, ке ја оставиш запалена колата во место да работи додека врти перката и ќе се олади моторот.

Офтопик ама ова изгледа ко предобар пат за возење. Како е асфалтот и со гужва?

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #10803 на: 27 Јули 2024, 16:53:41 pm »
Од Дабиле до првото искачување до Хамзали е супер. Штом почне првото искачување па се до горе асфалтот е во така така лоша состојба, има дупки треба да се избегнуваат.

Штом стигнеш до превојот започнува нов асфалт и тој трае се до Суви Лаки. Тука е супер, мазен писта е патот. И од тука натаму до Берово е природата е многу живописна, наликува како Маврово-Дебар што е. Ама затоа па од другава страна на тацна го гледаш целото струмичко поле.

Штом го поминеш Суви Лаки започнува исто така недобар асфалт, тука има уште еден превој со две серпентини ама е краток за искачување и не е толкав успон.
Ама коловозот е таков што на секои 50 до 100 метри имаш како вдлабнатини каде што пропаѓаш.

Тој дел не ти препорачувам повеке од 50 км/ч да се вози бидејки не сакаш да пропаднеш и потоа да се лансираш со предница нагоре.

Потоа на 10тина км пред Берово започнува убав асфалт.


Се вози реално патот, ќе си внимаваш по дупките, може да се избегнат. Нема сообраќај тој пат, по некој пикап или камион. Ама ако начекаш камион особено од струмичката страна го еба ежот, тој едвај 5 км/ч оди нагоре, а правци за престигнување слабо. Па уште и кола со атмо мотор ужас.

Нашиот службен рапид ако е 1.6 мпи 110 кс, утепан е со менувачот, таму душата му излегува по тој пат ;D

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5854
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #10804 на: 27 Јули 2024, 16:55:27 pm »
Гужва нема,асфалт заникаде.
Супер е Берово-Делчево-Кочани

Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk


Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 388
  • The best or nothing.
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #10805 на: 27 Јули 2024, 17:09:00 pm »
Или присилно ладење во место ќе правиш. Даваш контакт, вртиш на греење, и пушташ до даска...

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #10806 на: 27 Јули 2024, 17:15:09 pm »
Ако моторот не работи и е изгасен џабе е се, мора моторот да работи, а со тоа и водната пумпа за да го турка антифризот низ хладњакот напред (ете и низ казанчето за парно) за да се олади.

Затоа е тој систем на хладњак со перка, перката е само дополнителен уред за кога немаш брзина каде што воздухот од напред би го ладел хладњакот и таа тогаш да се вклучи, да вовлекува од напред воздух што ќе помине низ хладњакот и го тера внатре во моторниот простор.

Отсутен Coco

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 116
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #10807 на: 27 Јули 2024, 17:17:18 pm »
Иди од Струмица према Берово патот, ама од струмичка страна, да видиш 10тина километри константен успон од 10 до 15% со кривини без правци колку е захтевен тој превој за искачување.

Службениот рапид таму до 105-107 степени крева температура.

Не се потресувај за нешто што нема проблем, си имаш перка ќе си олади. Ако потоа немаш удолнина за да се олади антифризот, ке ја оставиш запалена колата во место да работи додека врти перката и ќе се олади моторот.
Јас сум Беровец,и убаво знам за што зборуваш. Кога ми текне некој пат дека треба да одам за Струмица со колата,не ми се ни влегува во неа. Не поради тоа што има големи успони и кривини.Туку патот е претерано лош,многу дупки да не кажам кратери,вдлабнатини на по 10 метри на кои ако возиш брзо можат да те исфрлат од пат без никаков проблем.

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 388
  • The best or nothing.
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #10808 на: 27 Јули 2024, 17:19:37 pm »
Не сум знаел искрено. Ама од своја кожа знам, дека парно на макс, ја спушта температурата, а со изгасена кола заради страв.

Пс : Менувајте водна пумпа на секој голем сервис, а не како мајсторот, што предлагаше на секој втор/трет. Една мочана пумпа од 50евра, ќе направи штета дупло поголема.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #10809 на: 27 Јули 2024, 17:25:42 pm »
Сум возел и по полоши патишта, затоа се јаде, може да се вози со внимавање. Со бравото го возам тој дел 40-50 км/ч мах брзина.

Службената така малку побрзо ;D

Реално Кичево-Охрид е полош, особено превој Пресека од двете страни и од Ботун до Подмоље.


Не сум знаел искрено. Ама од своја кожа знам, дека парно на макс, ја спушта температурата, а со изгасена кола заради страв.


Да, ама логички малку ако размислиш, хладњакот е дизајниран измегу да има празнини за да струи воздухот да се лади. Тоа е неговата функција, водата/антифризот внатре во него да се олади.

Ама таа оладена вода/антифриз за да го олади моторот, како ќе се врати назад во моторот кога моторот е изгасен, а со тоа и водната пумпа не врти бидејки таа се врти или од ребраст каиш или од клинестиот каиш за алтернаторот ? :)
Значи мора да работи, мора целиот антифриз да циркулира низ разладниот систем, од моторот, преку термостатот до хладњакот и одоздола од долното црево назад до водната пумпа.

Тоа е начинот на кој се лади моторот, затоа моторот мора да работи, тој во место согорува многу малку гориво чија топлотна енергија е помала од онаа што перката ќе го олади антифризот.
И затоа ќе се олади, малку поспоро, ама ќе се олади.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6150
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #10810 на: 27 Јули 2024, 18:18:47 pm »
Иди од Струмица према Берово патот, ама од струмичка страна, да видиш 10тина километри константен успон од 10 до 15% со кривини без правци колку е захтевен тој превој за искачување.

Службениот рапид таму до 105-107 степени крева температура.

Не се потресувај за нешто што нема проблем, си имаш перка ќе си олади. Ако потоа немаш удолнина за да се олади антифризот, ке ја оставиш запалена колата во место да работи додека врти перката и ќе се олади моторот.

Офтопик ама ова изгледа ко предобар пат за возење. Како е асфалтот и со гужва?


За со саглам асфалт, да, ентузијаст со добро возило и RWD ќе се забавува.

Реална состојба - НЕМОЈ.

Отсутен changetheoil savethecar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1038
  • Best Motors Worldwide
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #10811 на: 27 Јули 2024, 18:49:54 pm »

BMW Original масло е ребрендирано Shell Helix Ultra.
[/quote]
@andrejnaumovski
potocno receno e vaka, bmw dava specifikacii na shell i shell go proizveduva po naracka na bmw vo zavisnost sto saka bmw so toa mslo da postigne na pr, ako strategijata na bmw e fuel economy togas visko 40 stepni vrednosta ke ja namalat za pobrzo motorot da dostigne rab temp i pomalku da trosi.
isto e tak ai so OE gumite, koga bmw dogovara oe gumi zavisi vo koj domen saka da odi za toj model tkavi performansi bara pa se proizveduvaat.
taka da bmw maslata se od shell ali istata formulacija nema da ja najdes kaj shell kako sto bas bmw im ima niv naracano.
obicno ponovite generacii na motori i poradi green agendite maslata se optimirani na fuel economy pa taka od 5w30 sega imas 0w30 BMW 12FE so ovaa psecifikacija se prefrla bmw od acea c3 na c2.
C2 ima namalena hths vredonst na =>2.9 i sa 0,5%
C3 hths =>3.5 i sa:0,8%
zaC2 duri imas i 0w20 masla.


---Best Motors Worldwide---
       (Oo=[][]=oO)

Отсутен Coco

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 116
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #10812 на: 28 Јули 2024, 00:07:28 am »
Не сум знаел искрено. Ама од своја кожа знам, дека парно на макс, ја спушта температурата, а со изгасена кола заради страв.

Пс : Менувајте водна пумпа на секој голем сервис, а не како мајсторот, што предлагаше на секој втор/трет. Една мочана пумпа од 50евра, ќе направи штета дупло поголема.
Кога се прави голем сервис се знае,правиш комплет и знаеш дека си на раат.

Отсутен Roci

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3809
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #10813 на: 28 Јули 2024, 00:17:28 am »
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Da se citiram samiot sebesi, definitivno so motulov kolata raboti posmireno potivko i na poniski obrtai vo ler. Neznam za kolku ponisko ama minimum za 100/200 vrtezi 😁

Отсутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2056
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Mobil, Total, Elf или какво масло ?
« Одговори #10814 на: 28 Јули 2024, 10:33:48 am »
Ух, денес како ја измалтретирав астрата...
Мислев ќе прегрее, ме затера навигацијата по буквално козјо патче, со голем успон (цело време како на Плетвар да возиш) и тешки кривини, непрегледност, итн, цели 20км со прва брзина, ретко втора и трета. 80% од времето не можеше да се крене повеќе од 20 км/ч. Температурата максимум дојде на 90.
Amsoil XL Boosted 10W-40 користам. 1000км после сервис немам заприметено да потрошила нешто.
Се исплатеше ли барем? така е кога девојка несторче бараш преку инстаграм она ти вика тука сум на пато, али по онаа козјо пато да не ја изгреба од гранките сеа керамика па полирка на нос ке излезе ...