Автор Тема: Промена на мотор на возилото  (Прочитано 30307 пати)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43650
  • Il Moderatore
Одг: Промена на мотор на возилото
« Одговори #90 на: 26 Август 2014, 22:13:33 pm »
Кумот мој пред 4-5 г. на polo 1.9d му смени мотор и на регистрација најнормално си тераше (ваљда никој не проверува бр. на мотор), и пред некој месец го шитна без никакви проблеми. За разлика од Симо кој го стопи моторот со брзина од 210км/ч, кумот го стопи со брзина од 0 км/ч (пијан од кафана на паркинг заспал со папуча/гас до даска)
Среќа што не го стопил он у возење (пијан од кафана у кола...) ;)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Промена на мотор на возилото
« Одговори #91 на: 26 Август 2014, 23:21:58 pm »
Претпоставувам ф-рата за моторот е со цел да се докаже дека истиот не е набавен од сомнителни места а.к.а. не е краден.

не е само тоа, туку фактура за мотор ке ти даде некој што увезувал половни возила.. значи колата како материјал за растурање и продавање на делови е увезена ЛЕГАЛНО (тоа подразбира со шлајферица, пресечена на пола, и така товарена па увезена, е доказ дека е за делови, а не за возење) и таа кола подлежи на пониски давачки за увоз. од таа кола моторот можеш да го добиеш на фактура.

од кола, што ја донел со возење, зоран из њемачке, па ја остаил на брат му африм (горан) во тетово да ја распарчи и расподаде на делови, за да нели му помогне на братот, легано, мотор неможеш да добиеш. тој мотор никаде не е запишан (во нашава држава) дека постои. тој е нелегален мотор, а и не е краден, само е нелегално увезен... е таков беше тој што требаше јас да го вградам во волвото, но се пишманив, еве зашто:

продавач: абе, ке се снајдеш за фактура, има продаваат фактури...
јас: а ти ке ми дадеп ли фактура?
продавач: аааа вала не, на што јас да ти пишам ф-ра, немам јас ништо со фирми...

и тука заврши муабетот... и јас сум слушнал дека има некои што буквално ти продаваат фактури, со податоци што ти ке ги кажеш. но не сум налетал, не сум барал, а не ме ни интересирало тоа, затоа што тоа е фалсификат и нелегална работа... затоа и одллучив да го ремонтирам и средам постоечкиот мотор. на крајот на краиштата, знам и што ке инвестирам, знам дека ке ме тера доооолго долго и навечер мирно ке спијам...

од друга страна, познавам еден куп луѓе што така возат. смениле мотори, не ги впишале, мува не ги лази, така си тераат... нека си тераат, нивни проблем, јас несакам така...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен SaseMajstorot

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 508
Одг: Промена на мотор на возилото
« Одговори #92 на: 31 Август 2014, 03:00:02 am »
Добро, а што треба да се случува ако сакам некое ретко и старо возило да го направаам кабриолет?
Рецимо Олимпија од 1954? Што ми следи? Колкави се давачките... огромателни, а?
Воедно, кој би бил зафатот да се атестира мотор на таква кола која одамна е избришана од постоење?
Колата има сообраќајна и уредна сопственост....
Како Југо нема друго! - и поарно шо нема!

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Промена на мотор на возилото
« Одговори #93 на: 31 Август 2014, 03:06:56 am »
Ти следи ќутек ако исечеш Олимпија од 54та ;D

Иначе не верувам дека сечен кабрио може да се атестира.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен SaseMajstorot

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 508
Одг: Промена на мотор на возилото
« Одговори #94 на: 31 Август 2014, 03:12:35 am »
Праам муабет за врекован кров кој не може да се среди...
Желбата е да се заджи најмногу што може од каросеријата, по целини....
Мислам дека мора да има решение... да се навари конструкција? да се подмити некој?да го ставам кровот пред регистрација?
Како Југо нема друго! - и поарно шо нема!

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6214
Одг: Промена на мотор на возилото
« Одговори #95 на: 31 Август 2014, 11:35:06 am »
Може,треба да направиш детален план со нацрт и пресметки и да го однесеш на машински,па да чекаш да ти одобрат или не,евентуално да ти корегираат нешто па да почнеш со работа,ама ова би те коштало ќавол ипол.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43650
  • Il Moderatore
Одг: Промена на мотор на возилото
« Одговори #96 на: 11 Март 2020, 22:02:49 pm »
Малце да ја воскреснеме темата после некои интересни информации од темата на @GTI16V :

Ист мотор имаш ставено? Ако не е ист може да пишеш што се е потребно за промена на мотор да се атестира?
@DarthJe5us не, сменив тип на мотор. Стариот беше ABF 2.0 16V додека новиот е AAA 2.8 VR6. Конкретно на твоето прашање може да настане голем оф топик разговор на мојава тема, но ќе се потрудам да објаснам она што по закон и правилник може.

Дозволена е промена на тип на мотор, само доколку тој тип на мотор бил фабрички вградуван во шасијата (знам оти некои може овде да полемизираат и упатуваат на Машински Факултет), има ставки во законот каде се дозволени исклучоци. Доколку моторот бил вградуван фабрички во шасијата, тогаш соодветно мора да бидат поставени фабрички држачи на мотор, соодветни сопирачки клешти и дискови и издувен систем и секако доколку е променета тежината амортизери кои ќе соодвестуваат со носивоста препорачана од фабрика кога возилото било ново.


Дали ова болдираново значи дека доколку сменам соодветно мотор и кочници и амортизери со онакви какви што биле фабрички вградени, не ми треба машински и хомологација, туку може да го направам тоа на технички (псс да речеме, пошто имаат и дел што се занимава со хомологации и сообразност)?
Како докажувам дека промените што сум ги направил се соодветни на тоа што го вградила фабриката во тој модел со појак мотор?

@GTI16V ? Може малку подетално објаснување на процесот?

Конкретно јас би бил заинтересиран за некој таков интересен проект со 2.5 v6 busso мотор во 156-ка, која во верзијата 2.4јтд носи исти кочници и пружини/амортизери, а држачите за мотор на шасијата и на трапот се на исти места, така да промената би била соодветна.
 

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 694
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: Промена на мотор на возилото
« Одговори #97 на: 20 Март 2020, 14:26:19 pm »
Ќе се потрудам да го објаснам процесот генерално, проблемот е што од една до друга станица за преглед има разлики, сите различно толкуваат делови од законот за моторни возила.

Би требало да доставиш изјава каде под потполна морална и кривична одговорност изјавуваш дека промените се направени соодветно фабрички спецификации. Пред да се одпочне било што моја препорака е да се разговара со соодветно лице вработено во станица за технички преглед, незнам дали овде има ваков член да објасни подобро од мене. Следно, откако ќе се изготви цела документација за упат за атест одговорните лица ги документираат сите измени направени на колата, во конкретниов случај ако станува збор за промена од дизел во бензин мислам дека треба да биде опфатен и резерварот за гориво. Се внесуваат податоци за тип на сопирачки напред и назад, големина на дискови, сопирачка моќност на предна и задна оска, носивост на предна и задна оска, издувен систем, држачи на мотор. Се сликаат сите модификации за доказ, при што се изготвува документ врз основа на кој се прави промена на комерцијалната ознака на возилото, со тој документ на шалтер на МВР се издава нова сообраќајна дозвола и од тој момент се е готово. Да не заборавам дека исто се бараат киловатите, максимална моќност на кој вртежен момент за моторот.

Отсутен malinamamun

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 552
Одг: Промена на мотор на возилото
« Одговори #98 на: 21 Март 2020, 18:13:51 pm »
Вака братучедот земал едно Ауди а6 2.5тди 2001 или 2003 година незнам баш точно. Колата е стварно многу сочувана.

Со оглед на тоа што овие 2.5 тди мотори се познати како доста лоши, но и од економска точка размислува да стави 1.9тди.

Значи би се ставило послаб мотор од тој кој што го има сега.
Дали некој направил ваква модификација од 2.5 на 1.9 тди . Дали е пред се можно механички ова да се изведе, и доколку е можно дали е потребно исто како во случајот на @GTI16V или поинакви правила важат?

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 694
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: Промена на мотор на возилото
« Одговори #99 на: 22 Март 2020, 02:18:18 am »
Се додека типот на мотор не соодвестува со тоа што е заведено во сообраќајна дозвола мора да се атестира, дури и кога се оди со мотор кој има помала зафатнина од тоа што е моментално во колата. Во таков случај не прават проблеми за сопирачки, носивост колку за самиот мотор и како е вграден. Се додека држачи на мотор се фабрички на штраф без преправки некој да измислува топла вода може да се атестира, само има една цака, во овој случај неможе да ставиш 1.9 мотор од А3 или Голф 4, мора или од А4 или А6.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6686
  • Бенве сие бенве
Одг: Промена на мотор на возилото
« Одговори #100 на: 22 Март 2020, 07:29:47 am »
Се си мислам дека видов некаде, доколку кодот на моторот се вградувал во таа серија дека нема потреба од атест пример АБВ мотор оди во а6 и исто оди и ЧЏШ, го пресадуваш и нема гајле. Во секој случај прашај си кај што прават атест.

Sent from my SM-G973F using Tapatalk


Отсутен vladimir_1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1070
Одг: Промена на мотор на возилото
« Одговори #101 на: 22 Март 2020, 17:27:32 pm »
Вака братучедот земал едно Ауди а6 2.5тди 2001 или 2003 година незнам баш точно. Колата е стварно многу сочувана.

Со оглед на тоа што овие 2.5 тди мотори се познати како доста лоши, но и од економска точка размислува да стави 1.9тди.

Значи би се ставило послаб мотор од тој кој што го има сега.
Дали некој направил ваква модификација од 2.5 на 1.9 тди . Дали е пред се можно механички ова да се изведе, и доколку е можно дали е потребно исто како во случајот на @GTI16V или поинакви правила важат?
Со парите брачед ти шо ке ги дај за да купи мотор,да го промени,атест итн 2 години нафта ке турва и ке вози :) Шо економија така :)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43650
  • Il Moderatore
Одг: Промена на мотор на возилото
« Одговори #102 на: 22 Март 2020, 17:29:48 pm »
Кога ќе му цркне моторот, тогаш нека му ја мисли.. :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен darko mk5

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3601
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,7477.0.html
Одг: Промена на мотор на возилото
« Одговори #103 на: 24 Март 2020, 22:42:29 pm »
za sekoja konverzija treba Atest. Samo vo zavisnost od konverzijata kje ti nalozat kakvi modifikacii treba da se napravat. Od ona sto go znam, edinstveni parametri koi  treba da bidat pojacani (vo slucaj na pojak motor) se drzaci na motor i kocnici. Dokolku ides na poslaba varijanta edinstveno nesto sto treba da se zapazi e da nema strukturni prepravki na sasijata, odnosno da ne se promenat mestata na drzaci na motor i sekako legalni dokumenti za motorot i kolata. I okolu 4500 plus pausalni troskovi

______________________________________
Code: MK1 Project: http://forum.carclub.mk/index.php/topic,10578.0.html

Отсутен Alfista

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1492
Одг: Промена на мотор на возилото
« Одговори #104 на: 07 Април 2020, 16:06:13 pm »
Јас би ти препорачал Симо, да побараш 156 Буссо, и да си ја репарираш. Таа е со соодветни кочници и се што предвидела
фабриката за тој мотор.
Инаку имам пријател со 166 В6 Буссо,
ама со автоматски менувач, ако си заинтересиран, колата е префектна, надворешно и внатрешно