Автор Тема: Закони ли се закони, клаберски маки големи  (Прочитано 120605 пати)

Отсутен Klen

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2327
  • Продавам течност за жмигавци
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #600 на: 27 Април 2017, 12:04:02 pm »
Па несменливо е со таков песимистички став
Замисли да си кола и да ти вградат плин :(
Попрво оди кај некој дома во гаража него во М Кар поголеми ти се шансите да си ја средиш колата

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #601 на: 27 Април 2017, 12:24:33 pm »
Jас сум на 215/45 R17 и мислам дека тоа максимум што можам да си дозолам.
Со 225/45 R17 ми гребе на поткрила напред во висина.
Со 215/40 веќе сум во неподнослив шпидитер mode.

Убаво си измислила фабрика 205/50 R16..а има место и за 55 зид.
Лаѓа...плус помал дијаметар на тркало= пониска визуелно.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)



@Stratro

Сега го гледам постов, ако не си сигурен дали ќе биде 215/45-17 имам дома две гуми што ги чувам за секој случај, планирав летово да ги фрлам. Без гајле, не се гледаат жици на нив и сл, али за проба ќе ти завршат работа.
Инаку од искуство, различни производители имаат различни ширини на 215/45-17. Тигарот мислам дека е за нијанска поширока, дали ради заштитата на работ на бандажот незнам. Така да и тоа да си имаш во предвид.

Фала друже..али не си ме разбрал. Јас веќе возам на 215/45 R17, но за повеќе од ова немам место напред..(пред се висински).

За разликата во ширината мегу производителите ап-со-лутно се слагам бидејќи кога ги купував Нокианот, беа изложени една до друга со Michelin и Continental.
Сите 3 гуми беа 215/45, но Континенталот беа визуално најтенки, Мишелинот средни а Нокианот беа скоро колку Континентал 225...ги споредив, само за жал не ги сликав.


Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43929
  • Il Moderatore
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #602 на: 27 Април 2017, 13:00:21 pm »
Цитат
Истото сообраќајно правило важи и во Македонија и е пропишано во Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата. Во него е наведено дека возилата на брза помош, на противпожарните служби и на полицијата имаат предност пред сите други учесници во сообраќајот, освен пред возилата под придружба. Односно, возилата под придружба не треба да пропуштат никого и имаат апсолутна предност во сообраќајот, без разлика за каква ситуација станува збор. Досега во земјава никој не покренал иницијатива за бришење на овој член од законот.

Сите на протестен марш да ве видам утре ;D
Не е проблем во членот од законот, проблем е што перо директоро на општински комуналец се вози со возила под придружба...

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен BrziGonzalez

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1298
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #603 на: 25 Мај 2017, 21:46:59 pm »
Ја утепав од барање темава. Па дечки вака. Положив на 17 години. Правам 18ка летово и сакам да се подновам. Пусти мерак за BMW 3-ka е90 серија.
Бендисав модел 320d. Колата е околу 163кс. Сакам да ве прашам како оди законот за возила над 105кс. Знам дека не смеам да возам, туку мене прашањето ми е дали ќе можам да ја купам на мое име и да ја регистрирам. Некои велат ако била над 105кс не можам да ја регистрирам колата. Други пак велат бидеејќи била појака, се плаќало повише за регистрација и осигурување? Ве молам некој што имал слична ситуација да ми каже што е најпаметно дали да ја земам на име на татко ми и да правам полномошно или да ја земам на мое име?

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #604 на: 25 Мај 2017, 21:51:54 pm »
Законски не смееш, жалам момче.

Исто така, возачот-почетник, со член 240 од Законот, е лимитиран во однос на:

    Моќноста на возилата кои ги вози;
    Брзината со која управува со возилото;
    Делот од денот во учествува во сообраќајот.

Во однос на моќноста на возилото, возач-почетник кој поседува возачка од „А“ категорија - дозвола за управување со моторцикл - моторциклот не смее да биде помоќен од 25 киловати. Ако има возачка дозвола од „Б“ категорија - дозвола за управување на автомобил - тој не смее да управува автомобил помоќен од 77 киловати. Доколку возачот-почетник постапува спротивно на овие правила, тој ќе биде казнет со глоба од 200 евра во денарска противвредност.

Од друга страна, тој не смее да вози побрзо од 60 km/h на јавен пат, 80 km/h на пат наменет исклучиво за сообраќај на моторни возила или 100 km/h на автопат, иако тоа е дозволено за поискусните возачи.

Веројатно, најинтересната одредба за сите возачи-почетници, е одредбата која го ограничува нивното управување со моторно возило во одредени итервали од денот. Имено, според член 240, став 2 од Законот, возач-почетник:

„Не смее да управува со возилото во патниот сообраќај во периодот од 23 часот до 05 часот наутро, освен ако со него во возилото се наоѓа лице (возач) постаро од 25 години, на кое не му е изрекувана прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило.“
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен Klen

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2327
  • Продавам течност за жмигавци
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #605 на: 25 Мај 2017, 21:53:09 pm »
Можеш да ја купиш, а чим е на твое име мора ти да ја регистрираш, можеш истото да го направиш и да немаш возачка, ама не смееш да ја возиш, да се плаќа повеќе регистрација за 2л мотор и да наплаќаат провизија дека си под 25 години
Замисли да си кола и да ти вградат плин :(
Попрво оди кај некој дома во гаража него во М Кар поголеми ти се шансите да си ја средиш колата

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55051
  • Махер
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #606 на: 25 Мај 2017, 21:53:22 pm »
Можеш и без возачка да купиш кола и да ја регистрираш. Не е важна возачката.

Поентата е дека ти ќе си ја возиш ама при незгодата која многу веројатно ќе се деси теретот ќе падне на тебе.

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #607 на: 25 Мај 2017, 21:55:45 pm »
Не гледам причина да е на нечиво име кола а да не можеш да ја возиш наредни 2 години, what's the use ?
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен BrziGonzalez

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1298
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #608 на: 25 Мај 2017, 22:37:40 pm »
Дечки фала ви на брзиот одговор. Значи разбрав вака: Можам да ја купам колата и да ја регистрирам се по процедура. Проблемот е што не смеам да ја возам. Дали доколку учествувам недајбоже во сообраќајна несреќа дури и ако спротивната страна е кривец за несреќата, сепак јас ќе бидам крив затоа што управувам со возило помоќно од претпоставеното ИЛИ, прекршокот ќе си оди по процедура, а јас само ќе платам глоба бидејќи сум управувал со возило над 105кс?

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #609 на: 25 Мај 2017, 22:48:28 pm »
Секако ти ќе добиеш глоба која ти следува законски, а он секако ќе си биде крив доколку предизвикал сообраќајка.

Но ..
Ако не викнете полиција и одите на европски можно е осигурителната компанија да не ја признае штетата ( поради фактот дека е прекршен законот за сообраќај ) па така подобро ќе биде да не купуваш BMW додека не наполниш 2 години искуство :)

Има многу „ама“ и „но“ каде што на крајот секој ќејф се плаќа.
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен BrziGonzalez

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1298
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #610 на: 25 Мај 2017, 23:08:53 pm »
Секако ти ќе добиеш глоба која ти следува законски, а он секако ќе си биде крив доколку предизвикал сообраќајка.

Но ..
Ако не викнете полиција и одите на европски можно е осигурителната компанија да не ја признае штетата ( поради фактот дека е прекршен законот за сообраќај ) па така подобро ќе биде да не купуваш BMW додека не наполниш 2 години искуство :)

Има многу „ама“ и „но“ каде што на крајот секој ќејф се плаќа.
Потполно те разбирам.. Меракот е скап.. Посебно ако го пика магарето таму кај што си ги мерат коњите... Свесен сум дека возилото е 160кс. ама не гледам причина да не го контролирам. Сум возел 3-4 возила со заден погон, најмоќно 330d 204кс.. Вистина е дека треба спретност за да возиш појака кола, а самата те тера да збрлавуваш на моменти, ама знам и дека не е само до возачот. Кога ти пазиш, друг не пази.. И тука може ни крив ни должен при најмал удес да платам глоба и да не ми признаат осигурување. Ќе ги разгледам малку дупките во законот пред да зимам кола.. :D Искрено некогаш се нервирам зошто се толку стегнати закониве, ама од друга страна е и добро што стварно се подигнува нивото на сигурност. Е сега има нормално тиквари и џукели што и без возачки возат моќни коли и прават милијарда бељи... Тогаш во ред е, или ќе се оди на ризик, или ќе се причека уште 2-3 години :D

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #611 на: 25 Мај 2017, 23:20:55 pm »
Во случај на сообраќајка ќе добиеш само казна, секако ако не си крив. Може и со европски да пројдете, не мора да се вика полиција.

На почеток имаше проблеми со осигурителните, но сега има став на Врховен суд, па и да ти прават проблем лесно се решава.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен brm brm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2652
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #612 на: 25 Мај 2017, 23:35:49 pm »
Ај кога го почнавте муабетот за осигурување, ако возеш кола што не е на твое име, без полномошно, и се случи сообраќајка, дали осигурителната компанија ќе исплати штета доколку си ти крив? И во вакви случаеви дали има врска полномошното и дали има вркса ако сопственикот на возилото е во кола ама како сопатник?

Присутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17603
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #613 на: 25 Мај 2017, 23:42:02 pm »
Ај кога го почнавте муабетот за осигурување, ако возеш кола што не е на твое име, без полномошно, и се случи сообраќајка, дали осигурителната компанија ќе исплати штета доколку си ти крив? И во вакви случаеви дали има врска полномошното и дали има вркса ако сопственикот на возилото е во кола ама како сопатник?

Ќе исплати штета, искуство од прва рака. Удрив една кокошка што ми се пикна на сред 3-point-turn со кола на име на татко ми (не бев крив ама ме натера татко ми да потпишам ради спогодба), и осигурителната си им покри штета.

Отсутен brm brm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2652
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #614 на: 25 Мај 2017, 23:48:05 pm »
Ама татко ти бил во колата? што ако не е? има ли врска и тоа со полномошното, оти во други теми некој викаше дека полномошно ти треба само за надвор од МК. Иначе фала на одговорот