Знам дека имаше статија на порталот но мислам дека не е се спомнато. Идеме со ред, цитирам.
Што, конкретно, содржи, новиот закон за прекршоци во сообраќајот?
Новиот закон за безбедност во сообраќајот кој пратениците го изгласаа на почетокот на оваа недела, предвидува казна од 40 евра доколку се возите без појас и дополнителни 15 евра доколку не ги вклучите светлата. Доколку тргнете без светла навечер, за тоа ќе треба да платите 35 евра.
Препорачајте им и на вашите сопатници да стават појас. Без разлика што не се на возачкото седиште, новиот закон за нив, предвидува казна од 50 евра доколку полицаецот забележи дека не се врзани.
Ако го возите вашето дете кое има помалку од 5 години, мора да имате детско седиште во автомобилот, бидејќи казната изнесува 35 евра.
Ако ви заѕвони мобилниот, не се јавувајте доколку немате направа која ви овозможува да разговарате без да ги користите рацете. Во спротивно, ќе треба да платите казна од 45 евра или да ви впишат 25 негативни поени во возачката книшка.
И патниците во возилото влијаат на безбедноста во сообраќајот. Ако некој од нив, му пречи на возачот додека управува со автомобилот, полицијата може да го казни со 50 евра.
Не претерувајте со притискање на педалата за гас, бидејќи огрнаичувањето на брзината изнесува 50 километри на час. Ако возите со 10 километри над дозволеното спремете 10 евра или подгответе ја книшката за 10 негативни поени.
До 30 километри на час над ограничувањето ќе платите 45 евра а ако претерате со 50 километри над дозволеното, ќе платите 400 евра и во наредните 6 до 12 месеци, ќе се возите со автобус или такси, бидјеќи полицијата ќе ви ја одземе возачката дозвола. Казна може да платите и ако возите пребавно и со тоа го попречувате сообраќајот. Ќе ве чини 50 евра.
Брзината е ограничена и на патиштата надвор од градските средини и тоа од 90 до 130 километри на час во зависност од условит
Внимавајте и на раскрсниците. Ако ја прегазите белата линија кога ќе застанете пред семафор полицаецот може да ве казни со 35 евра а за непочитувањето на црвеното светло, ќе платите 300 евра.
Внимавајте и со звучниот сигнал. За свирење без потреба ќе платите 15 евра казна.

Во градски средини избегнувајте претекнување. Доколку сепак морате да го направите тоа, задолжително одберете ја левата страна, бидејќи за престигнување од десно ќе платите 150 евра. Не ни помислувајте да претекнувате автомобил пред пешачки премин или возило што пропушта пешаци. За тоа полицијата е ригорозна и ќе ви наплати 300 евра, а вие ќе бидете пешак во наредната година бидејќи ќе ви ја одземат дозволата.
И како пешак треба да внимавате во сообраќајот бидејќи и тука се предвидени казни. Ако поминете на црвено светло на пешачки премин, ќе ве чини 50 евра. Ако поминете каде што нема пешачки ќе платите 30 евра.
И велосипедистите имаат свои обврски. Ако возите каде што нема велосипедска патека, залепете се до десниот раб на коловозот. Во спротивно казната е 50 евра. Ако го возите велосипедот без да ги држите рацете на управувачот казната исто така е 50 евра. Шлемот и рефлектирачкиот елек за велосипедистите не е задолжителен, но оние кои возат мотори мора да го имаат.
Извор